1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК: Фер, демократски и законски избори

6 јуни 2011

ВМРО-ДПМНЕ, според нецелосно обработените податоци на Државната изборна комисија, освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во Македонија. Изборите инаку ДИК ги оцени како фер и демократски.

https://p.dw.com/p/11Urj
Прес-конференција на Државната изборна комисијаФотографија: MIA

Државната изборна комисија (ДИК) предвремените парламентарни избори ги оцени како фер, демократски и законски. Според 87,72% од обработените податоци на Државната изборна комисија (ДИК) ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред останатите политички партии. Од досега обработените податоци ВМРО-ДПМНЕ има освоени 365.874 гласа, СДСМ има освоено 302.201 гласа. ДУИ има освоено 94.651 глас, ВМРО-НП 23.483 гласа, ДПА 49.282 гласа, ЛДП 13.043 гласа, а НДП на Руфи Османи 24,547 гласа. Во меѓувреме се пребројуваат гласовите и од останатите избирачки места.

Mazedonien Wahlen 2011
Претседателот на ДИК Борис КондаркоФотографија: MIA

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на прес-конференцијата оддржана по полноќ, објави дека според податоците до 24 часот на предвремените парламентарни избори во Македонија гласале 63,30 проценти односно 916.877 гласачи. Ова се податоци од 85,86 обработени избирачки места, објави претседателот на ДИК Кондарко. Целосните први неофицијални резултати ќе бидат објавени на 06.06.2011, најави претседателот на ДИК, напоменувајќи дека резултатите ќе бидат сукцесивно објавувани на интернет страницата на ДИК во текот на ноќта.

Автор: АТ/ макфакс