1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Димитров и Василакис на нова средба со Нимиц

Александар Чомовски 10 јуни 2008

Специјалниот пратеник во грчко - македонските преговори Метју Нимиц најави нова средба со преговарачите Никола Димитров и Адаманитос Василакис на 12 јуни во Њујорк.

https://p.dw.com/p/EGhS
Метју Нимиц со Никола Димитров и Адамантиус Василакис на поранешна срдбаФотографија: MIA

По подолга пауза во Њујорк продолжуваат преговорите за решавање на спорото околу името. Метју Нимиц, специјалниот посредник на ОН во грчко -македонските преговори за името, според најавите на 12 јуни во Њујорк треба да се сретне со преговарачите на двете земји, Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Од канцеларијата на Нимиц потврдија дека средбата ќе се одржи во седиштето на светската организација.

По парламентарните избори во Македонија ова ќе биде прва средба на Нимиц со преговарачите на двете земји. Според најавите додека не се формира нова македонска влада, не се очекуваат некакви промени ниту пак компромис во однос на решавање на спорот со името.