1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дипломатскиот успех од Цирих, дома на испит

11 октомври 2009

По 16 години Турција и Ерманија имаат намера да ги нормализираат меѓусебните односи. Но, договорот постигнат во Швајцарија мора да ги премости и жестоките отпори во двете земји.

https://p.dw.com/p/K3yo
Министрите за надворешни работи на Турција и ЕрменијаФотографија: AP

Тоа што министрите за надворешни работи на Турција и Ерменија, Ахмет Давутоглу и Едвард Налбандиан го откажаа планираното обраќање по потпишувањето на протоколите за нормализација на билатералните односи беше јасен доказ: ситуацијата се’ уште не е докрај созреана. Пред ратификацијата на протоколите потпишани во Цирих од парламентите во Анкара и Ереван ќе мора да бидат надминати големи отпори и делумно и жестоки протести на националистите во двете земји. Уште ден пред потпишувањето на договорот 10.000 Ерменци излегоа на улиците во Ереван. Со тоа отворањето на границата, затворена од Турција во 1993 година, инаку од огромно значење за ерменската економија, се’ уште не е сигурно. Исто така не е сигурно дали и кога ќе бидат обновени дипломатските односи, прекинати поради конфликтот во Нагорно Карабах.

Vertragsunterzeichnung Türkei und Armenien
Хилари Клинтон олеснувач во преговоритеФотографија: AP
Vertragsunterzeichnung Türkei und Armenien
Ахмед Давитоглу и министерката за надворешни работи на ШвајцаријаФотографија: AP

Швајцарија како посредувач и САД, Русија и Франција како поддржувачи на тешкиот мировен процес, во секој случај изодеа важна етапа. Прашањето е: Како понатаму? Се води борба за секој збор, поради што двајцата министри за надворешни работи не ги крунисаа нивните потписи со убедливо пледоаје за добрата воља за мирот. Еден ерменски министер за надворешни работи, кој не би го истканал масакрот на Турција или еден турски министер, кој не би го осудил јавно запоседнувањето на азербејџанска територија од Ерменија би ризикувал да ја загуби сета веродостојност во сопствената земја.

Времето на „студените војни“ е минато

Европската унија, претставена преку шеф дипломатот Хавиер Солана навести подобрување на односите како еден вид признание за договорот за нормализирање на меѓусебните односи. Но токму овој вид „награда“ националистите во двете земји го отфрлаат како „предавство“. Турските соколи потсетуваат на 37-те турски дипломати, кои беа убиени ширум светот во напади од страна на ерменската терористичка група АСАЛА и предупредуваат од предавство на „братскиот надор“ во Азербејџан. За ерменските националисти и во дијаспората пак секакво нормализирање на односите со Турција, без таа да го признае масакрот врз Ерменците од 1915 / 1917, не е прифатливо.

Vertragsunterzeichnung Türkei und Armenien
ЕУ претставена од шеф дипломатот Хавиер СоланаФотографија: AP

Министрите за надворешни работи на двете земји жилаво се бореа за секој збор во протоколите, но исто толку жилаво ќе тече и убедувањето на парламентот и јавноста во двете земји. Сепак враќање назад од патеката на мировниот процес не смее да има. За тоа е потребна натамошна поддршка и ако е непоходно притисок од страна на ЕУ, САД и Франција со нејзината многубројна ерменска дијаспора, како и од Русија. Времето на „студените војни“ во Европа е минато и на периферијата на европскиот континент исто така мора да стане минато.

Автор на коментарот: Бага Гингер

Превод: Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски