1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Директни контакти за нови економски инвестиции во Македонија

Тони Гламчевски27 октомври 2007

Франција го зазема 16тото место во трговската размена со Македонија. Mинистерот за странски инвестиции Веле Самак, неделава престојуваше во Франција со цел да привлече нови инвестивции во Македонија.

https://p.dw.com/p/Bx7v
Потребен е пораст на инвестиции

Целта на неговите посети е јасна: - да се привлечат нови француски претпријатија во земјата.

„Веќе една година покрај оваа голема и организирана иницијатива на Владата да се промовира Македонија и да ги привлечеме странските инвсетитори, сé уште за околу 90% од контактите кои досега ги имам направено, Македонија е непозната земја. Значи не фигурираме. Ако не сум јас тука да разговарам со шефовите на претпријатијата, за можностите да инвестираат во Македонија, едноставно тие не гледаат друг извор на информации. Затоа останува нашата определност да ги продолжиме овие директни кампањи и да им укажиме на точните и реалните инветсициони можности во Македонија. Значи покрај овие директни средби со шефовите на странските фирми, исто така ги користиме овие моменти со изјави во печатот, поготово во економските весници. И со дикусии на помали тркалезни маси каде што ќе може пошироко да се пренесе таа порака, за да се добие ширина во интересот исто како и за релните можности во Македонија.“ - изјави за Радио Дојче Веле, македонскиот министер за странски инвестивии, Веле Самак.

Француските претпријатија веќе бележат успеси во Македонија

Покрај средбите во Париз и парискиот регион, македонскиот министер за прв пат престојуваше во Алзас, еден од најразвиените економски региони во Франција и наедно во Европа, на самото тромеѓе меѓу Франција, Германија и Швајцарија. При оваа посета тој се послужи и со успешната приказна на француските претпријатија веќе присутни во Македонија.

„Го користиме тоа како прилика да им покажеме дека француските фирми не идат насамо, туку идат во добро друштво од француски фирми кои наоѓаат успех и кои ги интересира да привлекуваат други слични фирми. Овој заеднички настап, инаку прв ваков, претставува доплнителен кредибилитет за она што го нудиме во Македонија.“ – нагласува Самак.

Македонија заслужува инвестиции

Жак Насио-Мопа, пионерот од француските инвеститори во Македонија, во моментов претседател на претпријатието Руен Интернасионал Техноложи и воедно Советник за надворешна трговија на Франција, беше организаторот на средбите на македонскиот министер со француските предприемачи во Алзас.

За причините за неговат мотивираност да ги привлече француските инвеститори во Македониа, Жак Насио-Мопа ни рече: „Скоро десет години како што сум во Македонија. Македонија ми даде многу, сега јас од моја страна се обидувам да и ги донесам на Македонија моите мрежи, компетенции и врски. Бидејќи тоа земјата го заслужува.“

На француските стопанственици им се преставени олеснителните околности за инвестиции

Тој при средбите на министерот Самак, во Париз и Алзас, се обиде да ја престави Македонија во позитивно светло. Дека таа е стабилна земја. „Често забораваме дека во Македонија од пред петнаесет години не се случи ништо помалку или повеќе, ако споредуваме со тоа што се случи во Баскија, Ирска или на друго место“, нагласува Насио-Мопа.

Во неговите тврдења тој беше поддржан од другите француски стопанственици, на прво место првиот човек на Сосиете Женерал-Охридска Банка, Бернар Коенинг.

На средбите беа пренсени сите олеснителни можности за инвестирање во Македонија: данокот од 10% врз профитот на претпријатијата и приватните лица, слободните зони каде претпријатија се ослободени од давачки 10 години, инфраструктурните можности, квалитетот и стручноста на работната рака, итн. „Јас лично очекувам за наредните шест до дванаесет месеци, барем едно 5 до 6 позитивни одлуки во корист на Македонија“- вели министерот Веле Самак за резултатите од неговите средби во Франција.