1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дистанца во личните, целосна потврда на меѓудржавните односи

31 јули 2007

Во Кемп Дејвид - прва средба на новиот британски премиер Браун со американскиот претседател Буш. За разлика од претходникот Блер, Гордон Браун не сака да биде “пудличка на Буш”. Ирак централна тема во разговорите

https://p.dw.com/p/BOPE
Браун и Буш во Кемп ДејвидФотографија: AP

На Џорџ Буш му беше јасно дека новинарите пред се’ ги интересира како се снаоѓа со новиот британски премиер Гордон Браун, кого го бие глас дека е понепристапен од претходникот Тони Блер: “Секој се прашува дали премиерот и јас се усогласуваме, дали се разбираме и водевме ли важни разговори. Одговорот е – апсолутно”. Буш и Блер вечераа повеќе од два часа сами. Советниците ги пратија на куглање; патем, Британците победија.

На прес-конференцијата Буш му искажа комплименти на Браун за односот спрема обидите за терористички напади непосредно по стапувањето на премиерската должност. Браун покажа лидерски квалитети, оцени Буш. Британскиот премиер не возврати со комплименти, знаејќи колку критички во неговиот народ се гледаше на блиските лични односи на претходникот Блер со американскиот претседател, поради што го заслужи прекарот “пудличка на Буш”.

Гордон Браун затоа го нагласи пред се’ извонредното значење на меѓудржавните односи: “Многу сум ви благодарен за гостопримството и за шансата, нашите земји со величествено заедничко минато, понатаму да работат на важните теми на ова време. Сите предизвици најдобро ќе ги пресретнеме ако соработуваме во партнерство, кое, како што верувам, ќе биде уште посилно во наредните години”. Така Браун вешто одржа дистанца во однос на Буш, без да остави сомневање во тоа дека Велика Британија е партнер од доверба.

Во врска со извештаите дека Лондон сака да ги повлече своите трупи од Ирак Браун рече дека цел, навистина, е “чекор по чекор” да и’ се пренесува на ирачката влада одговорноста за внатрешната безбедност, но за степенот на напредок оцена мора да донесуваат американските и британските офицери на лице-место.

Блиското сојузништво со САД важи и за Авганистан. Браун го споделува ставот на Буш за постри санкции против Техеран поради иранската атомска програма, како и за поостро постапување во однос на кризната суданска провинција Дарфур. Согласност постоела и во врска со сузбивањето на сиромаштијата, светската трговија, како и за блискоисточниот мировен процес.

Буш одвај да може нешто содржински да критикува кај наследникот на Тони Блер, само што тој не дозволува да биде држен на узда.

Ана Енгелке