1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дијалогот ќе продолжи

18 мај 2007

Европската унија и Русија, и покрај нерешните разлики во мислењата, имаат намера да го продолжат конструктивниот дијалог. Ова е закулучокот по самитот одржан денеска во градот Самара, на Волга. „Не секогаш успева меѓусебното убедување„ , изјави канцеларката Ангела Меркел во својство на претседавач на Унијата. Од своја страна, рускиот претседател Владимир Путин, го потврди ставот на неговата земја натаму

https://p.dw.com/p/Ans1
Кој во што гледа? Меркел и Путин во Самара на самитот ЕУ-Русија
Кој во што гледа? Меркел и Путин во Самара на самитот ЕУ-РусијаФотографија: AP

да ги унапредува економските односи со Брисел:

„Како претседавач на Унијата, од името на 27-те земји членки, мислам дека можам да кажам оти постои голема согланост за стратегиско партнерство со Русија. Дека се надеваме оти во догледно време можат да се решат нерешните проблеми со одделни земји членки, но и европските прашања. Тоа што го сметам за голема вредност е што меѓу себе дискутиравме многу отворено и искрено, што е претпоставка за решавањето на проблемите„, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по самитот Европска унија – Русија.

Од своја страна, рускиот претседател Владимир Путин подвлече дека била постигната согласност за скоро сите прашања. Исклучок се само некои точки што треба да бидат допрецизирани:

„Едно од тешките прашања е засилувањето на правната основа за соработката меѓу Русија и Европската унија. Преговорите за нов договор за партнерство се уште не се започанти. Но, ние не ја драматизираме ситуацијата. Разбираме дека пред тие преговори, Унијата најнапред треба да ги реши своите внатрешни проблеми. Повторувам уште еднаш: Русија ја третира Европската унија како стратегиски партнер„.

Тој уште дополни дека проблеми има во економскиот егоизам кај одделни европски држави, мислејќи притоа на забраната на увоз на месо од Полска. За разлика од него, Меркел таа забрана не ја посматра како билатерална тема, туку како европска:

„Проблемите со извоз на месо, трговијата и заштитата на потрошувачите се работа на Европската унија. Од тие причини за ова постои тесна соработка на европско ниво меѓу соодветните евро-комесари и одговорните во Полска. Затоа велам дека тоа е европско прашање за кое се грижат европските одговорни„.

Руксиот претседател не пропушти да се осврне и врз проблемите со некои балтички држави:

„Уште еднаш подвлекувам дека Русија, во која со векови живеат и се развиваат различни народи и култури, даде голем придонес за единството и демократијата во Европа. Во врска со тоа, разговаравме за повредите на основните права на руското население во Летонија и Естонија. Тие повреди се недозволиви и не се достојни на Европа„.

Претседателот на Европската комисија Жозе Барозо укажа на значењето на демократијата и човековите права во европските земји во кои ја вброи и Русија.