1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дневен печат

13 декември 2004

Германските весници денеска ги коментираат најновите случувања во Украина и односите меѓу ЕУ и Турција

https://p.dw.com/p/AcJ7

Весникот Осттерингер цајтунг во денешниот број пишува дека отровот во чорбата на претседателскиот кандидат е тема за трилер. Таквиот невиден простаклук за Виктор Јушченко стана застрашувачка реалност. Педесет годишен политичар, тоа е за чудење. Но поразителната дијагноза не му дава право одговорнсота за неговото здравје и неговиот живот брзоплето да му ја препише на својот политички противник, пишува Осттирингер цајтунг и заклучува:

Веќе не е потребно да се прогнозира дека токму Јушченко е големиот фаворит за повторените претседателски избори во Украина кои ќе се одржат за 14 дена.

Со истата тема денеска се занимава и весникот Нордвест цајтунг.

Сеуште не е утврдено дали зад атентатот се крие политичката врхушка собрана околу претседателот на заминување Кучма или неговиот фаворит Јанукович. Тој доказ немора да доведе до ништо. Доволно штетна е самата замисла. Јушченко и Јанукович повторно се во вториот круг од претедателските избори и секоја слика која го покажува изопаченото лице на Јушченко, е досега најголемото немо обвинение против властодршците во Киев, констатира весникот Нордвест цајтинг.

Келнер штад анцајгер во најновото издание пишува дека кој и да победи на 26 декември стои пред тешка задача. Вистинскиот проблем за Украина чека решение. Два многу различно насочени делови од земјата мораат повторно да бидат водени заедно. Инаку секој почеток е залуден, смета коментаторот на весникот Келнер Штад Анцајгер.

Останатите германски весници го коментираат односот на Европската Унија спрема Турција.

Во весникот Ди Велт читаме:

Оној што условите за прием во Европската Унија ги поистоветува со дискриминација, оној што ја обвинува унијата дека прави грешки, оној што го отфрла пристапот на Турција, покажува дека му недостига суштинско сфаќање за тоа што значи членството во Европската унија.

Пристапот подразбира подготвеност на одрекување од суверенитетот и на пристапување кон со децении сраснатата правна заедница. Процесот на преговори веќе се одвива пред очите на Анкара. Ердоган себеси веќе се гледа на целта, додека Европа дава само стартни сигнали, смета весникот Ди Велт.

Весникот Вест Дојче Цајтунг пишува:

Шефот на турската Влада се поставува како морална инстанца која на германските политичари им забележува на дискраминација и мешање во меѓутурските односи. Тој до денеска несака да види дека со пристапот на Турција кон ЕУ, меѓутурските односи автоматски ќе станат дел од меѓуевропските односи. Ако е точно дека Ердоган од страна на организацијата за заштита на човековите права е третиран како терорист, тогаш тоа само уште повеќе ја тера водата на воденицата на Ангела Меркел.

Весникот Зидојче Цајтунг за истата тема го пишува следново:

Шефовите на Влади на земјите членки на Европската Унија можат само да ја зацврстат трансформацијата на Турција, со тоа што на самитот на Унијата што ќе се одржи оваа недела ќе ги отворат преговорите со Анкара. За голем број Турци тоа ќе биде само потврда дека нивната земја се наоѓа на вистинскиот пат, порачува весникот Зидојче Цајтунг.