1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добар ден среде Авганистан!

Свето Тоевски9 март 2007

Македоснките војници од десетата смена во мсијата ИСАФ во Авганистан се вратија во Македонија. Соработаката со војниците на НАТО ја оценуваат на многу високо ниво, и тие повторно би заминале на мисија надвор од Макеоднија.

https://p.dw.com/p/AdYy
Авганистан
АвганистанФотографија: picture-alliance/dpa

Шест месеци во мировна мисија во безбедносно ризичниот Авганистан, мештовити патроли заедно со припдници на германскиот контингент обезбедуваа објекти од витално значење но и цивилна помош на локалното население во Авганистан. Ова беше животот секојдневие на војниците на АРМ во десетата смена во мисијата ИСАФ на НАТО од август 2006 година до февруари 2007 година. Ним денеска им беше приреден свечен дочек во тетовската касарна на македонската армија и им беа оддадени признанија за високите оценки кои тие ги добија од комантите на НАТО и на мисијата ИСАФ во Кабул за покажаната компатибилност.

Припадниците на единицата Леопарди извршуваа сложени задачи во тешки временски климатски услови но речиси сите велат дека повторно би заминале на извршување воени задачи таму. Командантот на оваа единица капетан Љупчо Велков укажува на изворедните односи кои ги има со гермаснките војници „Секогаш и секаде на високото ниво, на разбрање, на заедничка соработка и нема во ниту еден момент, секогаш наидувавме на помош и разбирање.“

Интересна е забелешката на водникот Ненад Тодевски за блискоста со која беа дочекувани македонските војници таму од авганистанското население иако извршуваа задачи како дел од мисијата на НАТО.

„Народот таму не прифати многу добро. Скоро сите што не познаваа како македонските војнци, скоро сите знаеа да кажат Добро утро, Добар ден, Здраво, како сте на македонски јазик. Работата беше ризична но не многу тешка.“

Водникот Драган Добрески истакнува дека неговите колеги во ништо не заостануваа во поглед на својата стручност и подготвеноста за целосно извршување на поставените воени задачи. „Моите впечатоци од Авганистан се на пример работата многу добро ја извршувавме, професионално.“

Генерал мајор Атанас Јовчевски, командантнот на втората автоматизирана пешадиска бригада оценува дека макеоднските војнции во сите мисии во Ирак, во Босна и во Авганистан се амбасадори на својата земја „Тие на еден професионален и на најдобрар можен начин ја презентираат Република Македонија и посебно армијата на Рапублика Македонија. Во вистинска смисла на зборот тие се нашите амбасадори за прием на Република Македонија во рамноправно членство на НАТО.“