1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Доба на популизам и лажни вести: 10. Глобал медија форум

Матијас фон Хајн
19 јуни 2017

Новинари, политичари и активисти по 10. пат се собраа на Глобалниот медиумски форум во Бон. Се дебатира за прашањата за идентитетот и различноста, постфактичкиот свет и популизмот.

https://p.dw.com/p/2euEQ
Global Media Forum 2017: Identity and Diversity

Годинава во Бон се слави мал јубилеј: по 10. пат се собраа претставниците на медиумите, граѓанското општество и политиката во Бон на Глобалниот медиумски форум (ГМФ). За генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург тоа е обврска: „Гледаме напред во иднината! На годинешниот Глобален медиумски форум новините во дигиталниот свет ќе бидат голема тема“.

GMF 66 | Closing Ceremony Peter Limbourg
Петер ЛимбургФотографија: DW/K. Danetzki

На Форумот се очекуваат 2.000 гости од 130 земји кои ќе имаат можност да присуствуваат на повеќе од 40 дебати и настани. „Од мали воркшопови преку интимни собири со покана, па сѐ до големи настани во пленарната сала“, најавува раководителот на ГМФ, Патрик Лојш. Меѓу гостите се генералниот секретар на Европскиот парламент, Клаус Веле, генералниот директор на УНЕСКО, Франк Ла Ру, стопанственикот и критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски, генералниот секретар на Амнести Интернешнл, Салил Шети, и основачот на иницијативата „Женски марш“ во САД, Кармен Перес.

Традиционално ќе биде доделена и наградата за Слобода на говорот. Годинешен лауреат е Асоцијацијата на дописници од Белата Куќа. Првиот човек на ДВ, Петер Лимбург вели дека до пред некоја година не очекувал дека некогаш ДВ ќе додели ваква награда на новинарска организација од САД. „Но, веруваме дека се работи за напад врз слободата на печатот кога Доналд Трамп агресивно ги критикува и навредува медиумите“, вели Лимбург.

USA White House Correspondents' Association Dinner in Washington
Асоцијацијата на дописници од Белата Куќа е годинешниот лауерат на ГМФФотографија: Reuters/J. Ernst

Уметноста, културата и хуморот годинава ќе добијат повеќе простор на ГМФ. Норвежанката Маја Урстад изработи Звучен уметнички проект на тема различност користејќи аудио архивски материјал од 30 редакции на Дојче Веле. Фотографот Кевин Мекелвани ќе претстави нова варијанта на неговиот емоционален проект „Огледало“.