1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доближување до Европа

Горан Петрески23 мај 2007

Разговор со извршниот директор на МРТВ,Борис Ставров по повод потпишувањето на соработката со Радио Дојче Веле

https://p.dw.com/p/Anxe
Борис Ставров со Ерик Бетерман при потпишувањето на договорот за соработка
Борис Ставров со Ерик Бетерман при потпишувањето на договорот за соработкаФотографија: Petr Stojanovski

-Господине Ставров,го вбројувате ли договорот со Радио Дојче Веле во еден од Вашите поуспешни проекти откако сте на чело на МРТВ?

„Дефинитивно да.Посебно заради тоа што тоа беше проект во кој што се инволвирав некаде во првиот меец или два откако дојдов во таа куќа и морам да признам дека влегов во таа работа и сакав да се заврши онака со срце и со душа.За мене беше во секој случај непознаница зошто доаѓало, како што слушнав од луѓето кои работеле на тоа, во изминатиот период доаѓало до неккавов застој во тоа.Сепак,претставува професионален предизвик за еден човек но и прилично солиден професионален технолошки,организациски и секаков предизвик за куќа како МРТВ да соработува со едно големо,глобално име како што е Дојче Веле.Затоа и потпишувањето на договорот го сметам за позитивен исчекор посебно за МРТВ.“

-Што очекувате да и донесе на МРТВ соработката со Дојче Веле?

„Очекуваме она што е прецизирано во самите програмски сегменти кои ќе се емитуваат на првиот и на вториот сервис,значи тоа е новината,да не доближи сите нас до она што се нарекува европски начин на живот,значи да ги добиваме информациите,да бидеме во тек со она што се случува во Европа и во Германија,бидејќи нас во секој случај како претендент за членка на ЕУ ни треба.Ние треба и мора да знаеме како живеат европските граѓани за да можеме и ние да се придружиме кон тоа семејство еден ден.“

-Што е тоа што го има Дојче Веле, а го нема МРТВ?

„Разликата е огромна,и од технолошки и од кадровски и од секаков друг аспект и она што соработката, токму покрај програмскиот дел,содржи и поддршка и помош од страна на Дојче Веле,техничка и,што го потенцирам повеќе пати,трансферот на знаење,она што може Дојче Веле нам да ни помогне од аспект на едуцирање на наши кадри, кои би можеле да се научат да ги применуваат современите текови во областа на медиумите.И уште нешто,две работи може да ни донесе Дојче Веле,кои ги планираме за во иднина,а тоа е она што го ставивме како отворена опција во договорот,емитување на програма на албански јазик и второ проширување на соработката и во доменот на телевизијата покрај радиото.“

-Ќе може ли подетално да ни кажете,освен реемитувањето на трите получасовни емисии на Дојче Веле во текот на денот,што предвидува тој договор?

„Ви ги кажав главните работи,дека предвидува продолжување на соработката која датира уште од 1969 година,дека е во траење од три години со можност за лесно продолжување на договорот,со можност за амандманирање од двете страни,со донација на опрема од страна на Дојче Веле и со дефинирана помош од аспект на тренирање на наши новинари во Дојче Веле,хронолошки распоред кога и кој и колку дополнително ќе утврдиме со анекс или како работен материјал.Тие се главните столбови на ова соработка.“

-Во каква состојба е сега МРТВ?

„Не е тајна дека состојбата во МРТВ сега е многу тешка,од секој аспект,огромни долгови,направени во текот на изминатите години па и децении,со техноплогија која е застарена,20 -30,со амортизација од над 90 проценти,со кадровска структура при која старосната структура на вработените е над 50 години,потоа кадри кои во изминативе години не поминале низ оние редовни обуки што ги имаат сите нормални медиуми да речам во светот.Кога сето тоа ќе се земе во предвид,доведува до тоа да се наоѓаме пред раскрсница кога ќе мора да се решиме за некој од познатите постоечки модели во светот или да се направи некој нов што ќе биде приспособен на наши услови.Но сепак, МРТВ веќе е дојдена пред моментот,пред ѕидот,кога мора да се изврши некаква подрастична,порадикална промена.Од каков вид би била таа промена сепак мора да одлучат сопствениците,односно основачите на МРТВ,а тоа е Република Македонија претставена преку двата највисоки органи,владата и Собранието.“

-Според Вашиот впечаток од неколкуте месеци од кога сте директор,кој модел е најлесно спроведлив во МРТВ?

„Тоа е прашање кое е посебно актеулно особено за нас кои работиме таму ,со колегата Јанез Сајовиц кој што дојде од Словенија и со кого што сме двајцата назначени за извршни директори.Како што знаете МРТВ примени еден урнек кој што досега го имавме кај банките,кај што има повеќе извршни директори.Неговото повеќегодишно искуство токму во тој домен покажува,како и сите оние мерења,симулации,претпоставки што ги правевме овде, дека можеби би била добра некоја комбинација на некој модел што го применила Словенија,на кој што после се потпреле, колку што ми е познато,и Србија,која имаше нешто од таков аспект,Бугарија,Естонија,Украина и т.н. Нешто кај што сепак ќе постои одреден преоден период,кога ќе се осигура финансирањето на МРТВ,каде што ќе се направат потребните кадровски, технички и други надополнувања и ажурирања,тој период би бил x месеци,т.н. преоден период во кој треба да се воспостават повеќе механизми,прво програмскиот,кој треба да се поткрепи со кадровскиот и техничкиот,и второ финансискиот,значи начинот на финансирање,радио дифузна такса,дали ќе остане тоа или некој друг вид на финансирање од повеќето кои ги има,тоа допрва треба да се утврди.“

-Веројатно освен начинот на финансирање клучна е и кадорвската опременост на МРТВ,колку вработени имате сега и колку се оптимално потребни според Вас?

„Сегашната бројка е околу 1230,ако не се лажам.Интересно е што ние работиме според две истражувања,подеднакво веродостојни,од релевантни институции,едното вели дека сме преголеми,дека се потребни 500-600,зборувам за груби бројки,а второ вели дека сегашната бројка е премала и дека се потребни уште 200-300.Не знам,вистината е веројатно некаде на средина,во секој случај треба да се имат предвид спецификите на МРТВ од аспект на тоа дека таа емитува програма на 10 различни јазици,постои ТВ и радио,дека одредени редакции мора да постојат бидејќи се репрезенти на мултикултурноста на македонското општество.“

-Господине Ставров,и Вашите претходници најавуваа дека ќе ја средат состојбата во куќата,кога очекувате МРТВ да си го врати атрибутот македонски национален радиодифузен сервис?

„Можам да кажам кога очекувам МРТВ да почне да го враќа.Факт е дека јас и мојата екипа пред неколку месеци не настапивме претерано амбициозно,не го најавивме тоа на големи звона,почнавме едноставно да работиме,да ја скенираме ситуацијата за да видиме што можеме да правиме натаму.Мислам дека во изминативе неколку месеци покажавме промени во позитивен аспект,тоа во секој случај го кажуваше реакцијата од гледачите и реакцијата на колегите од другите медиуми.Кога може да почнеме да очекуваме МРТВ да личи на вистински радиодифузен јавен сервис дефиниран по европски параметри,мислам дека на почетокот на идната година МРТВ треба да започне и ќе започне сосема поинаку.“