1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добра одлука на премиерот

25 април 2007

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја соопшти долгоочекуваната одлука: кандидат за претседател на Турција е актуелниот министер за надворешни работи Абдула Ѓул. Дали е одлуката добра,коментира Баха Гингер

https://p.dw.com/p/Adrk
Ѓул и Ердоган
Ѓул и ЕрдоганФотографија: AP

Турскиот премиер Ердоган , донесе две паметни одлуки. Прва беше онаа , самиот да се откаже од кандидатурата за претседатлската функција. Поларизациите меѓу заговорниците и противниците на таа идеја достигнаа загрижувачки размери. Постоеше дури и стравување дека ќе интервенира и армијата . Втора паметна одлука е објавувањето на кандидатурата на сегашниот шеф на турската дипломатија , Абдула Ѓул. И тој за воља на вистината има сопруга покриена според исламските прописи и се обиде пред Европскиот суд на правдата да ја собори уредбата за забрана на носење марами во турските училишта и јавни установи. Сепак , самиот Ѓул се докажа како заговорник на темелните принципи на демократијата . Тој и не предизвикува толкава поларизација во јавноста.

Турција во овој момент мора да ги одреди своите приоритети. Дали е за продолжување на процесот на модернизација и приближување кон западната цивилизација , процесот кој го покрена таткото на модерна Турција , Кемал Ататур? Дали и е од значај натамошното приближување кон ЕУ? Или и е повеќе важно да го продлабочи јазот меѓу заговорниците и противниците на носењето марама? Едно е сигурно. Партијата на премиерот Ердоган на минатите избори освои речиси двотретинско мнозинство во парламентот и ужива голема подршка во јавноста. Факт е дека Турција направи голем чекор напред во реформирте , благодарејќи вушност токму на оваа исламско-конзервативна партија. Од агол на гледање на ЕУ од големо значење е кој ќе го наследи Ѓул на позицијата министер за надворешни работи. Како можен кандидат се спомнува Али Бабачан ,кој во моментов е главен преговорач на Турција со ЕУ. Бабачан како човек кој е многу концентриран на економските прашања, сепак нема надворешно политички преглед и визија како Ѓул, а да не ги спомнуваме и контактите и врските кои ги има Ѓул и со германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер.

Изборот на Ѓул на функцијата претседател може да се одолговлечи во случај опозициските созијалдемократи да се впуштат во прилично комплициранири интерпретации на некои членови од Уставот. Сепак наместо политички натегања со религиозно-конзервативниот владејачки блок, неговите ривали би можеле да вложат повеќе енергија во предизборната кампања која започнува за неколку месеци и на избирачите да им понудат разумна алтернатива за партијата на Ердоган.