1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

080410 aero luftfahrtmesse

19 април 2010

Во Фридрихсхафен, на југозападот на Германија, се одржа саемот на воздухопловство „Аеро“. Речиси 500 излагачи од 22 земји ги прикажаа своите нови производи: од лесни авиони, преку алтернативни погони, до кабински делови.

https://p.dw.com/p/MwnL
Фотографија: AP

За разлика од воздухопловните компании, германската воздухопловна и вселенска индустрија досега релативно безболно ја поднесе кризата. Во неа работат преку 90 илјади луѓе, отпуштања речиси и немаше, а и приходите останаа стабилни. Веќе самото тоа е успех, но во оваа бранша во наредната година очекуваат вистински подем.

Моделот Г 120 на фирмата „Гроб еркрафт“ од Баварија е авион за обука на воени пилоти. Минатата година беа продадени 23 такви авиони - тоа е првиот успех на инвеститорите од Минхен, кои ја преземаа фирмата на почетокот од 2009 година. Јохан Хајцман е шеф на „Гроб еркрафт“. „Фирмата беше инсолвентна. Половина година не работеше, работниците останаа дома - стопроцентна невработеност. Ја презедовме фирмата со 80 работници - во меѓувреме повторно се 115 соработници“.

Тренинг-леталата добро се продаваат

Со развојот на цивилен авион на млазен погон „Гроб еркрафт“ направи погрешна проценка. Концептот за санирање гласи: враќање кон сигурните клиенти, а тоа се школите за обука на воени пилоти од светот. Тоа е еден релативно стабилен пазар. „Се разбира, и ние ги забележуваме финансиските ’тесни грла‘ во некои земји, како Јужноафриканската Република, на пример, или во други земји“, вели Хајцман.

Сепак, испораките одат. Наредната е за Канада. Вредност - до еден милион евра за авион.

BdT Deutschland Airbus A400M als Modell Bremen
Фотографија: AP

Фирмата „Дил еркабин“ од покраината Баден-Виртемберг прави внатрешни облоги за кабини за цивилни авиони. До 2008 година претпријатието припаѓаше кон концернот „Ербас“, кој и сега останува најважен клиент. Тоа претставува заштита од последиците од кризата, иако не целосна.

„Ние тоа го забележуваме од фактот дека опаѓа искористеноста на капацитетите, особено во одделот за завршна обработка. Тоа претставува проблем, но не толкав, за да мораме да ја примениме мерката скратена работа, оти се компензира со порано извршена, и само регистрирана, а неплатена прекувремена работа“, објаснува Аксел Роденберг, шеф на „Дил еркабин“.

Шанса за малите компании

Airbus-Mitarbeiter in Bremen
Фотографија: AP

Проблемите во пласманот на огромниот авион Ербас А 380 влијае и врз „Дил еркабин“ намалувајќи и’ ги приходите на фирмата. 150 изнајмени работници мораа да си заминат, па и некои од работниците-староседелци. Претседателот на Советот на вработените Алберт Диш укажува: „Има кратења, на пример божиќниот додаток и регресот за годишен одмор за оваа и за наредната година. Но, постои можност во наредните години повторно да се добијат тие пари и тоа преку работничкото учество во добивката на фирмата“.

„Дил еркабин“ планира во иднина да не нуди само поединечни делови, туку и комплетно одвнатре да обложува големи авиони. Тоа треба да стане втор столб на фирмата, вели шефот Аксел Роденберг. „Во нашата бранша тоа е многу долгорочен бизнис. Тоа значи дека ’Ербас‘ трајно ќе биде меродавен клиент за нашето претпријатие, но ние сепак почнуваме да ги пуштаме пипалата и тоа го правиме со успех“.

Можни муштерии за новиот продукт има во САД, Кина и Бразил.

Автор: Јан Литје/Зоран Јордановски

Редактор: Алексаднра Трајковска