1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добри вести од пазарот на работна сила

Карл Завадски2 март 2007

По изненадувачки добрите податоци се смета на веројатно големо намалување на бројот безработни и во наредниот период.Коментира Карл Завадски.

https://p.dw.com/p/AeJD
Се повеќе нови работни места
Се повеќе нови работни местаФотографија: PA/dpa

Силниот подем на конјуктурата, како и благата зима придонесоа невработеноста во Германија во рамките на една година да се намали како никогаш досега од 1949 година.За февруари Сојузната служба за труд регистрира 4,2 милиони невработени.И,тоа е најголемо намалување на невработеноста во споредба со претходниот месец од основањето на Сојузната република.

До пред една година Германија од аспект на Европа се сметаше за болна.Сега има нов тренд:во се повеќе региони,бранши и професии се забележува недостаток на работна сила.Причината:подемот на конјуктурата го достигна и пазарот на труд.Германија,која со години во Европа беше последен вагон во возот,сега стана движечка локомотива.Тоа се рефлектира позитивно во повеќе правци.Најважно:расте ефикасноста на стопанството,расет бројот на вработени,бројот невработени се намалува.

Притоа не расте вработеноста толку само во мини вработувањата,туку и во целосните вработувања ,за кои се плаќаат сите социјални давачки.Има се повеќе работа,а работните односи се пофлексибилни.Работното време на претпријатијата и на фабриките се повеќе се разграничува од индивидуалното работно време.

Од 2003 година бројот на работни часови во претпријатијата во просек од 58 пораснал на 64 неделно.Германија стана и пофлексибилна.Стопанството ги искористи кризните години за модернизација и интернационализација. Способноста на меѓународна конкуренција е поголема од кога било порано.

Се разбира,бројот невработени од 4,2 милиони е сеуште висок,но тој е за 826 илјади помал од претходната година,а има и добра тенденција.Експертите сметаат дека бројот луѓе без работа ќе слезе на 3,9 или дури 3,6 милиони.Притоа важи:колку расте конјуктурата,толку се намалува невработеноста.Се бараат не само инженери,туку и трговци,градежници и други занаетчии.

Зголемената вработеност не само што го подобрува лошото расположение,туку и самата дава поттик за конјуктурата.Растечкиот извоз и порастот на инвестициите ја поттикнува и приватната потрошувачка.,што е особено важно,зашто таа е повеќе од половина од брутодомашниот производ.И не само тоа:преку поголема вработеност се намалуваат финансиските проблеми на државниот буџет и социјалното осигурување.Повеќе работа значи повеќе платен данок,повеќе придонеси во касата за пензиско и здравствено осигурување.

Но,за жал,подемот е ограничен на мобилните вработени со квалификации.Невработените со подолг стаж и со здравствени проблеми и тие без квалификации и натаму тешко наоѓаат работно место.И покрај 850 илјади отворени конкурси,бројот лица со долгогодишна невработеност расте.Тоа покажува дека најдобро осигурување против невработеноста е образованието и квалификациите,како и подготвеноста за доживотно дообразование.За жал,и натаму околу 10 проценти од учениците остануваат без квалификации.Од оваа група се регрутираат невработените и примателите на социјална помош.