1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Довршете ја приказната...

ЕМФ
23 ноември 2017

Знаете ли што е краудрајтинг? Едноставно: многу луѓе довршуваат приказна на свој начин. Еве една приказна која треба да ја завршите:

https://p.dw.com/p/2o9H6
Symbolbild Home Office
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Wuestenhagen

Младиот македонски писател Стефан Марковски, кој е дел од #dw_BalkanBooster тимот во косовска Грачаница, заедно со хрватската колешка Жељка Хорват Чеч, го напиша почетокот на приказната. Оди вака:

„Зачекорувајќи по една од главните градски артерии, таа студена ноемвриска вечер, во која градските магли надвиснале над строгиот центар, се обидувам да ја најдам галеријата. Луѓето на кои им приоѓам љубезно се обидуваат да ми помогнат, но не се снаоѓаат ниту тие, со исклучок на еден стар приштинец, кој покажувајќи ми го патот, вели дека галеријата е таму од памтивек. Додека го следам, почнуваат да се ронат ситни снегулки, испуштајќи облагородувачки мирис на свежина, кој полека успева да го надвладее оној на смогот...“

Што треба да направите? Слушнете директно од Стефан и пишувајте во коментарите на ова видео на социјалните мрежи или на нашата имејл адреса macedoni@dw.com

#dw_BalkanBooster: Довршете ја приказната...