1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договор за натамошна примена на ЦЕФТА 2006

21 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CQ47

Земјите членки на ЦЕФТА денеска на самит во Скопје ја усвоија заедничката декларација за натамошна примена на договорот од 2006. Македонскиот премиер Никола Груевски на отворањето на самитот изјави дека ЦЕФТА 2006 е од исклучителна важност за економско политичката стабилност на регионот. Вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека примената на договорот кој беше потпишан во декември минатата година претставува нова ера во имплементацијата на регионалната соработка.