1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договор за продолжување на преговорите

29 септември 2007

Делегациите на Белград и на Приштина на директните преговори во Њујорк усвоија т.н. Њујоршка декларација,документ според кој треба да ги продолжат преговорите на 14 октомври во Брисел

https://p.dw.com/p/Bl8s
Митровица,симбол на поделбата во покраинатаФотографија: AP

Во вториот обид преговори околу Косово,,издејствуван од страна на Русија,синоќа во Њујорк се сретнаа делегациите на Србија и на покраината.Претставниците од Контакт групата побарале реалистични предлози и ниедна страна еднострано да не го блокира напредокот на процесот.

"Атмосферата беше конструктивна,страните се договорија за текстот кој го нарековме Њујоршка декларација и за следна средба на 14 октомври",изјави Волфганг Ишингер,претставник на ЕУ во посредничката Тројка на Контакт групата за Косово.

Србија нуди автономија

Српската делегација, како и што се очекуваше го претстави својот план за широка автономија на Косово во рамките на Србија,а косовската –спогодбата за добрососедски односи.Претседателот на Србија Борис Тадиќ е задоволен од првиот директен разговор со Приштина истакнувајќи дека тие преговори судбоносно ја дефинираат иднината и на Србите и на Албанците во ЕУ:

"Српската страна предлага суштинска автономија,ние апелиравме до албанската делегација да го разгледа нашиот предлог многу сериозно со јасна аргументација,дека нашата идеја не е да се вратиме на поранешната состојба,на минатите години,туку да пронајдеме решение кое на било кој начин нема да го доведува во прашање територијалниот интегритет на Србија."

Српскиот премиер Војислав Коштуница синоќа потенцираше:

"Демократското решение исклучува било какви еднострани акти,насилство,повреди на меѓународните документи,ние се заложивме за најповластениот статус кој го има едно малцинство во светот."

Косоварите не остапуваат од независност

Веднаш по разговоите со српската делегација,претседателот на Косово Фатмир Сејдиу за Дојче Веле изјави:

"Ова е продолжување на процесот со меѓународната заедница,ние нејзе и на српската делегација и ја претставивме нашата визија на иднината на Косово како независна и суверена држава.Нашиот концепт го гледа Косово како суверена меѓународно призната држава,која такви државни односи има и со Србија и со останатите земји",рече Сејдиу.

Новата рунда преговори меѓу Белград и Приштина треба да се одржи во Брисел.