1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договор за соработка меѓу БАСФ и Гаспром

26 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bwot

Германскиот хемиски концерн БАСФ и рускиот енергетски гигант Гаспром постигнаа спогодба за искористување на едно од најголемите полиња со земјен гас во светот, соопшти портпарол на БАСФ во Лудвигсхафен. Во полињата во Западен Сибир се претпоставува дека лежат 600 милијарди метри кубни земјен гас, резерви кои се доволни да се покријат сите руски експорти за Германија во наредните 15 години. Ископувањето треба да почне наредната година.