1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доделена Германската телевизиска награда, победник РТЛ

28 септември 2003
https://p.dw.com/p/AeWH

Телевизијата РТЛ и нејзиниот водител број еден, Гинтер Јаух, се победниците на овогодинашната телевизиска награда, што се додели вчеравечер во Келн. РТЛ, која доби девет од вкупно 26 награди во исто толкав број категории и Јаух, кој ја доби годинава првпат воведената награда на публиката, се не само омилените на жирито и гледачите, туку беа и домаќини на гала вечерта, на која беа присутни сите што нешто значат во светот на германската телевизија.

Во категоријата најдобра камера, наградени се два филма. Почесната награда на жирито за животно дело ја доби Руди Карел, а наградите за поттикнување млади уметници овојпат отидоа во рацете на актерите во равој, Естер Цимеринг, Луизе Хелм и Адријан Топол.

На дождот од награди, РТЛ треба да им заблагодари пред се на шоу програмите и сериите. Серијата кастинзи "Германија ја бара супер-sвездата", серијата "Добри времиња-лоши времиња", актерот Валтер Ситлер и неговата колешка Мариеле Милович во серијата "Никола" и серијата "Параграф 40" се најдобрите во своите категории. И, се тоа е емтиувано на РТЛ. Освен тоа, најдобар модератор на вести е исто така РТЛ-овиот, петер Клепел, кој ја води главната централна информативна емисја "РТЛ актуел".

Втората германска телевизија, УДФ, ако така може да се каже е губитникот на вечерта. И покрај големиот број номинации, освоени се само три награди. Во категоријата најдобар телевизиски филм, победник е "Под сомневање", кој ја доби и наградата за најдобро сценарио. ЗДФ доби награда и за најдобра камера.

Најдобра главна машка улога, според мислењето на жирито остварил Едгар Селге во серијата "ПОлициски повик 110" што се емитува на првата германска телевизија, АРД, а најдобра женска улога имала Улрике Крумбигел во филмот "Пол-женски", емитуван на Зидвест рундфунк.

Сат 1 доби награди за најдобра монтажа и најдобра споредна машка улога на Кристоф Валц во филмот "Лов на пламениот човек."

За најдобар водител на шоу е прогласен комичарот Хапе Керкелинг, а Харалд Шмит, кој го води најгледаното ток- шоу во земјата ја доби наградата за најдобра комедија- емисија.

Германската телевизиска награда се доделува пет години, а основана е од страна на телевизиите АРД,ЗДФ,РТЛ и Сат1.