1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доживотен затвор за екс-претседателот на Тунис

ЖА/АТ/дв/миа19 јули 2012

Суд во Тунис го осуди соборениот претседател Зине ал Абедин бен Али во отсуство на доживотна казна затвор.

https://p.dw.com/p/15b6R
Фотографија: AP

Поранешниот туниски претседател Зин ал Абидан Бен Али денеска е осуден на доживотен затвор за соучество во убиства на демонстранти.

Според анонимен судија од воениот трибунал во главниот град Тунис, пресудата е донесена за убиството на 43 демонстранти во протестите со кои Бен Али беше соборен од власт во јануари минатата година и кои го означија почетокот на Арапската пролет.

Бен Али беше суден во отсуство, бидејќи живее во егзил во Саудиска Арабија.

Под истите обвиненија осудени се и околу 40 претставници на стариот режим, кои добија казни меѓу 5 и 20 години затвор. Поранешниот началник на обезбедувањето на тунискиот претседател генерал Али Сериати е осуден на 20 години затвор, а поранешниот министер за внатрешни работи Рафик Белхаџ Касемна 15 години.

Роднините на жртвите реагираа остро при донесувањето на пресудите. Според нив судот бил благонаклонет кон Сериати и Касем.

Над 300 лица загинаа во бунтот против Бен Али, кој избувна на 17 декември 2010 година и доведе до бегство на тунискиот претседател во Саудиска Арабија на 14 јануари 2011 година.