1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Долг пат до европска банкарска унија

Јерг Јелинек/Зоран Јордановски3 ноември 2012

На самитот на ЕУ пред десетина денови беше договорено во 2013 да профункционира европскиот надзор врз банките. Тој би бил прв чекор кон европска банкарска унија.

https://p.dw.com/p/16W2x
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шпанската Банкиа е еден пример за банка соочена со финансиска криза. На шпекулации со градежни проекти, кои сега се само руини, таа загуби милијарди евра. За такво нешто веќе да не се случи, во Европската централна банка треба да се смести

Банкарски надзор, кој ќе ги контролира банките во еврозоната. Контролорите ќе можат да ги проверуваат билансите, да вршат истрага во банките, да изрекуваат парични казни и да затвораат банки.

Во ЕУ, по примерот на Германија, треба да се востанови фонд за обезбедување на штедните влогови - се’ уште не е јасно дали на национално или на европско ниво.

Темата за санирање и ликвидирање на банките е одложена за понатаму поради преголемите разлики во ставовите на европските државници.

Symbolbild Europa Wirtschaft Unterschiedliche Geschwindigkeiten
Фотографија: Fotolia

А чиста ситуација на тие полиња, пак, е важна за да се стабилизираат финансиските институти. Оти, токму поради недоволна доверба во нивните банки, многумина Шпанци ги извадија заштедените пари со што само уште повеќе им ја влошија состојбата.

Шпанија со сета сила се бори против тоа и притиска за брза реализација на банкарскиот надзор, според желбата, веќе од самиот почеток на наредната година. Оти дури тогаш банките ќе можат итно неопходните пари да ги добијат директно од Европскиот фонд за спас. Но, Германија смета дека е невозможна реализацијата на таков временски план. На банките, пак, времето им истекува.