1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Донаторска афера: Саркози нема да биде обвинет

ЖА/дв/дпа/афп23 ноември 2012

Против францускиот екс-претседател Никола Саркози засега нема да биде поведена судска постапка поради илегално финансирање на изборната кампања.

https://p.dw.com/p/16oYt
Фотографија: ap

57-годишниот политичар по речиси 12-часовното испрашување пред истражен судија ја напушти судската плата во Бордо како т.н. „сомнителен сведок“. Тоа значи дека постојат индиции за учество во кривично дело, но недоволни за поведување постапка и покренување обвинение. Аферата околу во меѓувреме 90-годишната наследничка на фирмата Л‘Ореал, Лилијан Бетенкур, се однесува меѓу другото и на сомневањето дека Саркози ја финансирал успешната изборна кампања во 2007. година со нејзини илегални пари.

Поранешната сметководителка на Бетанкур во јули 2010. година во полицијата изјавила дека на почетокот на 2007. година дала 150.000 евра, за кои и‘ било кажано дека ќе ја финансираат предизборната кампања на Саркози. Лилијан Бетанкур според лекарите страда од напредна фаза на болеста Деменц и во меѓувреме се наоѓа под старателство на нејзиниот внук Жан-Виктор Мајер. Во Франција се дозволени партиски донации од приватни личности само до висина од 7.500 евра годишно.

Саркози повеќепати ги негираше обвинувањата.