1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

До милијарди и преку германски кредити?

Петер Хорнунг | Јан Строцик | Андреас Шпинрат
20 јануари 2020

Меѓународна истражувачка мрежа на новинари преку својата сторија открива како најбогатата Африканка- Изабел дос Сантос всушност ги заработила парите – преку непотизам, дури со пари и од Германија.

https://p.dw.com/p/3WThu
Angola l Isabel dos Santos - Gericht zieht Vermögen
Фотографија: picture alliance/dpa/TASS/M. Metzel

Таа важи за најбогатата жена во Афика: Изабел дос Сантос, ќерката на поранешниот долгогодишен претседател на Ангола. Таа е успешна бизнисменка и нејзината порака гласи: ако работиш напорно, може да постигнеш сѐ. Таа може да биде пример за младите Афиканки и Африканци. Но, една меѓународна истражувачка мрежа на новинари објави сторија, која фрла долга мрачна сенка врз жената, која во Ангола ја краси прекарот „принцезата“. 

Октоберфест во Ангола, и тоа за првпат. „Добредојдовте“ пишува на влезот на германски јазик. Еден човек е облечен во традиционални германски кожени пантолони, а дел од хостесите носат нешто налик на дирндл. Има кобасички и анголанско пиво кое се вика Луандина.

Пивото Луандина се произведува со германска помош – во систем од компанијата Кронес АГ од југоисточна Германија, која произведува машини. Кронес е лидер на пазарот во Африка за системи за производство на пиво. Но пивницата во која се произведува Луандина е посебна. Таа е во сопственост на Изабел дос Сантос, ќерката на Хозе Едуардо дос Сантос, кој 38 години беше претседател на Ангола, се до 2017 година. Сантос со декрет ја одобрил инвестицијата на својата ќерка, а владата одобрила даночни олеснувања.

People's Movement for the Liberation of Angola - Labour Party (MPLA)
Хозе Едуардо дос СантосФотографија: picture-alliance/dpa/P. Novais

Ова мириса на непотизам на еден крајно корумпиран режим. А помошта за неговата реализација дојде од повеќе мета од Германија. Бидејќи кредитот за изградба на пивницата во висина од 50 милиони евра е одобрен од КФВ Ипекс банката, компанија ќерка на Германската банка за обнова и развој (КФВ). Германски пари за претседателската ќерка? Марио Делицио, кој има германско и италијанско потекло, посредувал во бизнисот околу пивницата и Кронес АГ и го познава деловното однесување на семејството.

„Сето ова е екстремно. Она што го направи семејството Дос Сантос е пар екселанс грабеж на дневна светлина. Одеднаш се основани стотици фирми и вклучени сите можни индустии," вели Делицио.

„Грабеж на дневно светло“ – ова веројатно е најдобриот опис на тоа што Изабел дос Сантос го спровела со нејзиниот моќен татко. Новинарите од 20 земји анализираа 715.000 документи од сите нивни поврзани компании. Истражувањето е спроведено под раководство на меѓународниот Конзорциум за истражувачко новинарство ИЦИЈ, и со учество на германските радиодифузери НДР, ВДР и “Зидојче Цајтунг“.

Новинарската анализа покажува слика на корумпиран режим во земја богата со нафта. Претседателот ја назначил својата ќерка за шефица на државниот нафтен концерн – и не само тоа. Таа уживала предност на многу тендери, а исто така проневерила и државни пари. Откако во 2017 година Хозе Едуардо дос Сантос поднесе оставка на претедателската функција, анголанското правосудтсво од тогаш ги истражува неговите активности, вклучително и на Изабел дос Сантос. Државниот јавен обвинител Пита Грос вели: „Пронјдовме поврзаност со неа за активности кои може да се карактеризират како криминални."

Што е со анголанската пивница – дали е таа случај на непотизам со германска помош? Изведувачот на пивницата, Кронес АГ соопшти дека не знаеле оти ќерката на претседателот е сопственик на компанијата. Германската банка КФВ Ипекс која дала кредит за проектот тврди дека се потпирала на документите од анголанската банка и не морала сама да прави проверки. А Изабел дос Сантос? И таа отфрла било какво криминално дејствие. Во принцип, сите обвинувања против неа се неоправдани, изјави таа во едно неодамнешно интервју за БиБиСи.

Isabel dos Santos of Angola
Изабел дос СантосФотографија: picture-alliance/dpa/B. Fonseca

„Ова се лажни претпоставки. Има оркестриран напад од сегашната влада кој е целосно политички мотивиран. Сосем неоснован. Можам да кажам – моите инвестиции се чисто економски и од овие договори нема профит ниту пари кои потекнуваат од јавните пари."

Пред неколку недели анголанското судство ги замрзна сметките на Изабел дос Сантос, а запленет е и нејзиниот имот во Ангола. Се вели дека се збогатила нелегално и мора на државата да и врати една милијарда американски долари. Конфискувана е и пивницта која е финансирана со германски кредит.