1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

До модерен синдикат преку дијалог

29 октомври 2010

Да престанат делбите на наши и ваши. Синдикатот треба да е подалеку од политиката, а власта да ја натераме да ги почитува правата на работниците, изјави за Дојче веле старо-новиот лидер на ССМ, Живко Митрески.

https://p.dw.com/p/PrVZ
Фотографија: Petr Stojanovski

Новиот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија е пред тешки задачи да го консолидира синдикатот и со потезите кои ќе ги презема да ја врати вербата на работниците во синдикалното здружување. По завршувањето на 18. Конгрес на ССМ во Охрид, во духот на модерниот синдикат во каков што сака да го трансформира постојниот, Митревски ги наведе приоритетите кои се во дослух со директивите од Европската унија:

„Во делот на дополнителни можности, синдикатот ќе се заложи за давања за социјални осигурувања, но и за ефектуирање на нови фондови како што се: Фондот за социјална станбена изградба, барање можности за Фонд за осигурување при времена невработеност, дополнително здравствено осигурување и нов концепт во пензискиот систем којшто ќе го понудиме.“

Zivko Mitrevski
Живко Митрески е пред тешки задачиФотографија: DW

ССМ да се одлепи од партиите и политиката

Со години јавноста го доживува ССМ не како цврст и моќен преговарач со државата и работодавачите, туку како постојан приврзок до одредени политички партии. Етикетирањето не е непозната работа за нас и сакаме да се одлепиме од тоа, вели првиот македонски синдикалец:

„Јасно кажавме да прекинат злонамерните укажувања и поделбите на ваши и наши. Едноставно треба да не‘ остават да бидеме она што сакаме - да сме само синдикалисти.“

Drage Jovanovski
Драге Јовановски тврди дека во ССМ нема демократијаФотографија: DW

За едни невидено единство, за други Конгресот е невалиден

Синдикатот вчера и преку мотото „Здружени, единстевни , сигурни“ сакаше да го демонстрира тоа. Но, синдикалецот Драге Јовановски, кој тврди дека е елиминиран од трката за можен прв човек и поранешниот лидер на ССМ Ванчо Муратовски, укажаа дека нема демократија во ССМ и дека Конгресот е невалиден , како и изборот на лидерот, а спорен е и начинот на избор на делегатите на Конгресот:

„Наспроти полната сала и максималната поддршка на 16 грански синдикати, господинот Јовановски беше сам, што зборува доволно за тоа ја има или не поддршката на гранските синдикати и на синдикалното движење во Македонија. Задоволство е што овој Сојуз како никогаш досега покажал единство при усвојувањето на одлуките“, кажа Митрески.

Mazedonien Gewerkschaften Proteste
Синдикалците се чувствуваат осамени, без заштита и разочарани се од немоќта на синдикатотФотографија: Petr Stojanovsk

Ќе бараме да не‘ почитуваат, краен метод ќе биде штрајкот

Ќе ја има ли приближно силата ССМ каква што ја имаат европските синдикати или не?! И дали методот на штрајк ќе биде легитимен чин?

На располагања ни‘ се сите средства, вклучително и средствата за притисок и нема да се мислиме да ги примениме ако претходно сме ги употребиле сите механизми, вели Митрески и додава:

„Јасно е дека модерниот практициран дијалог претставува институционализирање на меѓусебните односи. Така и при донесувањето на новиот Закон за работни односи беа прифатени низа наши забелешки. Тоа зборува дека сакаме да промовираме еден нов тип на социјален дијалог којшто е присутен на Запад, а доколку не се респектираат нашите позиции остануваат мерките на притисок, па и штрајкот.“

Во услови на економска криза и недонесен закон за најниска плата, синдикалците се чувствуваат осамени, без заштита и разочараност од немоќта на синдикатот. Се чини ќе треба многу време и конкретни активности за да се подигне неговиот углед .

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска