1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДПА сака да оди во опозиција, Груевски “ја смирува топката”

27 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anuk

Нема никаков документ готов за потпишување по политичкиот дијалог власт – опозиција. Партнерите од ДПА беа информирани за сите разговори со ДУИ, рече македонскиот премиер Никола Груевски по најавата на ДПА (Демократската партија на Албанците) дека ќе ја напушти владината коалиција. Раководството на ВМРО ДПМНЕ вечер треба да ја разгледа новонастанатата ситуација.

Потпретседателот на ДПА Мендух Тачи претходно и’ префрли на владеачката ВМРО ДПМНЕ дека не е подготвена да работи на унапредување на правата на Албанците во Македонија. “Нема да правиме политичка или било каква криза. Ќе дејствуваме во опозиција”, рече Тачи пожелувајќи му на премиерот Никола Груевски среќа во обезбедувањето ново парламентарно мнозинство.