1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Државите од заливот во сендвич

6 февруари 2007

Воопшто не е случајно што канцеларката Ангела Меркел ги избра Обедиентите Арапски Емирати како место каде што го одржа нејзиниот говор на надворешно-полиитчки теми. Земјата, мерена според западни аршини, е една од најнапредните во арапскиот простор. Но, таму страхуваат пред се од еден голем сосед: Иран и неговата атомска програма.

https://p.dw.com/p/Adtc

Оној што деновиве разговара со земјите од Голфот за политичките ветришта на Блискиот исток, веднаш налетува на друга тема и тоа на Иран и неговата атомска програма. Анвар ал Гагаш, министер во владата на Обединетите Арапски Емирати:

„Нашите односи со Иран се многу развиени. Во многу подрачја имаме исти интереси, се среќаваме со доверба и респект, меѓутоа имаме и разлики во мислењата. Ние сме загрижени во врска со иранската атомска програма, пред се затоа што воено тоа би можело да води и други држави да ги забрзаат своите активности на тој план. Долгорочно страхуваме дека тој нуклеарен потенцијал може да биде искористен за да се постигне политичко влијание„.

Уште појасно се изразува Мохамед Ал Мисфер. Тој е политолог на универзитетот во Катар и често пишува текстови со јасен, нетипично арапски директен говор:

„Ние не можеме да кажеме дека Иран би бил наш напријател или непријател на арапските земји воопшто, меѓутоа ги загрозува нашата безбедност и стабилност и има силна желба да го доминира нашиот регион политички, етнички и религиозно. Иран сака да стане најважниот актер на целиот Блиски исток и пред се во заливот. Тука станува збор за персискиот национализам против арапскиот и се користи поделбата меѓу Шиитите и Сунитите„.

Од своја страна, министерот Ал Гагаш не би сакал да биде погрешно разбран, но според него, во регионот не смее да има уште повеќе насилство:

„Секако дека сме загрижени поради атомската програма, но истовремено страхуваме од агресивен однос против Иран. Во секој случај, сакаме тоа да се реши на меѓународно ниво и по мирен пат„.

Стратегиската ситуација на малите голфски монархии наликува на сендвич: тие се приклештени. Во овој случај меѓу Иран и Саудиска Арабија. Порано на меѓународен план се следеше она што го правеа Саудијците. Тоа полека се менува. Малите земји од Голфот стануваат посамоуверени, размислуваат самостојно и во Обединетите нации често гласаат поразлично од големиот брат што нему воопшто не му се допаѓа. Несогласувањата меѓу саудискиот кралски дворец и владејачките семејства во Катар одамна станаа јавни.