1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

260509 Champions League Finale Vorschau

27 мај 2009

Може ли Манчестер јунајтед да ја одбрани титулата? Или можеби Барселона ќе го освои пехарот во Рим? Во италијанскиот главен град вечерва се игра финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

https://p.dw.com/p/Hy3h
Фотографија: AP Graphics/DW

Тие се без сомневање најдобрите фудбалери во светот. Кристијано Роналдо или Лионел Меси. Денеска тие играат еден против друг во најважниот натпревар на годината, финалето на Лигата на шампионите. Во Рим ќе се покаже, кој е подобриот од нив двајца.

Дуел меѓу светски ѕвезди

Fußball: Chelsea FC gegen Barcelona FC
Меси во полуфиналниот меч против ЧелзиФотографија: picture alliance / Photoshot

Од Меси и Роналдо не се очекува како од некои други големи ѕвезди да потфрлат во најважните моменти. Аргентинецот Меси во оваа сезона на Лигата на шампионите веќе има дадено осум голови во 11 средби и со тоа е поефективен. Неговиот португалски контрапункт во дресот на Манчестер јунајтед за исто толку натпревари има дадено само 4 голови, но Роналдо со неговите дриблинзи и на моменти провокативното однесување изнудува многу фаули и му овозможува шанси на својот тим преку слободни удари да постигне гол. Неизвесно е чија филозофија ќе биде поуспешна денеска.

Cristiano Ronaldo
Роналдо сака да го зачува пехаротФотографија: AP

Без сомневање Манчестер и Барселона се најдобрите тимови во Европа во моментов. На домашните лиги одамна ги осигураа титулите, и изминатиот викенд настапија со вторите состави и притоа се избламираа. Но домашното првенство веќе воопшто не ги интересира двајцата тренери Пеп Гвардиола и Алекс Фергусон. И тие истотака сакаат да влезат во историјата со победата во Лигата на шампионите.

На тренерската клупа две генерации

Pep Guardiola
Тренерот на Барселона ГвардиолаФотографија: AP

За 38-годишниот Гвардиола тоа би била прва титула на интернационално ниво како тренер. Тој како играч веќе го има освоено Купот на европските шампиони со Барселона во 1992 година. 67-годишниот Фергусон од друга страна веќе се навикна на шампионските церемонии.

Доколку Манчестер победи во Рим тоа ќе биде негов трет трофеј во Лигата на шампионите, но и рекорд во историјата на ова натпреварување. Фергусон меѓутоа не е заинтересиран за вакви статистики: „Со секој нов успех, очекувањата се поголеми. Така што само очекувам кога ќе дојде ударот в лице, кога ќе се појават насловите: Фергусон е готов, неговиот рок на користење е изминат. Затоа многу внимавам само на тоа што претходно ќе биде напишано.“

Alex Ferguson
Алекс Фергусон сака по третпат да ја освои титулатаФотографија: AP

Воочи денешната средба тренерот на Манчестер јунајтед може да биде задоволен: Напаѓачите Руни, Бербатов и Тевез се топ фит, а заедно со Роналдо ќе преставуваат проблем за Барселона, зашто на Шпанците ќе им недостасуваат четворица одбранбени играчи. Покрај суспендираните Дани Алвеш и Ерик Абидал на располагање на тренерот Гвардиола не му стојат ниту повредените Рафаел Маркес и Габриел Милито.

Но, и уште еден факт говори во полза на Манчестер јунајтед: Англичаните се непоразени во последните 25 натпревари од Лигата на шампионите. Последен пат Манчестер загуби во полуфиналето во 2007 година од Милан во реваншот во Милано со убедливи 3:0.

Автор: Тобиас Елмајер / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска