1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и натаму преговараат за програмата на владата

2 јули 2011

Генералниот секретар на ДУИ, Абдилаќим Адеми, изјави дека преговорите за формирање на новата македонска влада се одвиваат со вообичаена динамика. Извршена e поделбата на местата, сега следи усогласување на програмата.

https://p.dw.com/p/11nrg
Фотографија: DW

Според постигнатиот договор, ДУИ ќе добие две вицепремиерски места за спроведување на Рамковниот договор како и за евроинтеграции, додека од министерствата - одбрана, правда, економија, животна средина и просторно планирање и локална самоуправа, рече денеска Адеми.
Според него, се’ уште не се знаат носителите на функциите кои најверојатно ќе бидат утврдени на седница од централното претстедателство на ДУИ во текот на следната недела.

Адеми потврди и дека лидерите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети во изминатиот период по изборите имале две средби и тоа првата на која дале виза за почеток на разговорите помеѓу двете партии и втората пред една недела и оти двајцата се постојано во комуникација и во тек со преговорите за формирање на идната Влада.

„Преговорите се водат коалицирањето да биде на партнерска основа со заедничка програма и заеднички цели што побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ, подобрување на животот и стандардот на граѓаните со подобрување во здравството, екологијата, образованието“, изјави Абдилаќим Адеми.

Автор:СН/ТТ/миа

Редактор: Трајче Тосев