1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ и ПДП остануваат на ставот за напуштање на Парламентот

Александар Чомовски25 јануари 2007

Демократската унија за интеграција и Партијата за демократски просперитет го напуштаат парламетот. Од партијата на Али Ахмети велат дека евроамбасадорот Ерван Фуере имеѓународната заедница нема да ги премислат за бојкотот.

https://p.dw.com/p/Abzq
Парламентот во Скопје
Парламентот во СкопјеФотографија: aptn

Пред конечната одлука на опозициската Демократска унија за интеграција за напуштање на парламентот, попладне во Скопје средба на лидерот на ДУИ со европскиот амбасадор во Макеоднија Ерван Фуере.

Дека партијата намерава да ја бојкотира работата на собраниетот најави портпаролката на ДУИ ермира Мехмети: „ Напуштањето на работата на собранието е оправдано, особено поради суспеднирањето на правото на вето на Албанците од страна на парламентарното мнозинстово. Институционалниот дијалог немаше ефект. Залагањата за политичкиот дијалог досега беа само фарса.“ вели Мехмети и дополнува

„Не би можела да е согласам со тврдењето дека се води некаква дипломатска офанзива против ДУИ, односно со ДУИ. Напротив се води една интензивна политичка, популистичка офанзива против ДУИ од страна на господинот Никола Груевски и од страна на оваа владеачка коалиција. “

кажа Ермира Мехмети по средбата на патиските врвови ДУИ и ПДП синоќа во Мала Речица. Партиските врвови на овие две партии се определија преку втор обид за бојкот на собранието да издејствуваат посредништво на меѓународната заедница. Американската амбасадорка во Скопје Џилијан Миловановиќ нема намера да се сретне со Ахмети и Вејсели. Партиската одлука за апститненција од парламентото таа ја смета за демократски чин на незадволство но сепак Џилијан Миловановиќ со порка

„Ќе биде подобро ако ДУИ и ПДП за своите политички одлуки и ставови за кои добија поддршка од електоратот се изборат во институциите. ДУИ и ПДП ја добија поддршката на граѓаните да учествуваат во парламентот“ кажа Џилијан Миловановиќ.

Овој американски став не го ограничува ЕУ амбасадорот Ерван Фуере да продолжи со приртисок врз лидерот на ДУИ Али Ахмети за продолжување на дијалогот - власт – опозиција во парламентот. Не е првпат опозицијата да применува политика на бојкот во собранието тоа го правеа и сегашните владеачки партии ВМРО ДПМНЕ и ДПА кога имаа статус на опозиција. „Имаме искуство и можеме да им оддржиме час“ реагираше премиерот Никола Груевски по заседанието на Советот за безбедност пред два дена. Сепак тој ја остави отворена вратат за средба со челнкот на ДУИ Ахмети иако со него само еднаш се соочи на едниствената лидерска средба на партиската четворка ВМРО ДПМНЕ, ДПА, СДСМ и ДУИ.

Не е исклучено НАТО мисијата која е во ревизорска улога во Македонија, денеска да му посвети посебно внимание на застојот на политичкиот дијалог во Македонија. Тука би биле и критиките околу политичката стабилност на земјата, рече националниот координарот на НАТО во Македонија, Никола Димитров

„Ќе се обидеме во текот на овие три дена да ги убедиме дека има сериозен прогрес и на другите простори, во делот на борба против корупцијата, зацврстување на владеењето на правото, дека судските реформи полека даваат резултати, ефикансоста полека се зголемува, престојат сериозни реформи во канцеларијата на јавнотото обвинителство, политичката сигурност, рамковниот договор“ кажа амбасадорот на НАТО Никола Димитров

Попладне шефот на инспекцискиот тим на НАТО ќе оддржи прес конференција, а утре во собранието ќе ги седне на иста маса сите партии. Со тоа Алијансата ја покажува својата приоритетна задача, во Македонија политичката стабилност да базира на непосреден дијалог власт – опозиција.