1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ најавува прекин на парламентарниот бојкот

Свето Тоевски23 мај 2007

Експертите предупредуваат дека односот на ДУИ и наштети на Македонија во очите на светот

https://p.dw.com/p/Anxf
Ахмети очекува скор договор со ВМРО ДПМНЕ
Ахмети очекува скор договор со ВМРО ДПМНЕФотографија: Petar Stojanovski

ДУИ е за чекор поблиску до враќање во Македонскиот парламент,што го навести пред неколку дена партиската потпретседателка Теута Арифи,кога кажа дека разговорите на оваа партија со ВМРО ДПМНЕ влегле во завршна фаза.Вчера партискиот лидер Али Ахмети од партиското седиште во Мала Речица беше директен:

„Во моментот кога ќе биде потпишан договорот меѓу двете страни,тогаш ние се враќаме во македонскиот парламент.“

На новинарско инсистирање да биде попрецизен,Ахмети дополни:

„ Не е прашање на месеци,може да биде на денови или недела.“

Членови на Претседателството го пренесуват неговиот став изнесен вчера на средба со студенти,дека ќе се инсистира на цврст договор со ВМРО ДПМНЕ гарантиран и од меѓународната заедница.

Абдуљади Вејсели,претседател на ПДП која дефинитивно ја раскина коалицијата со ДУИ,се врати пред неколку дена во македонскиот парламент,но самиот,без другите двајца пратеници од партијата.Вејсели вчера во изјавата за Дојче Веле ја критикуваше ДУИ:
„ДУИ ќе се врати во Собранието иако се обиде да создава проблеми во минатиот период,без да добие ништо се враќа во Собрание,а само тоа што сакаше да и наштети на Македонија,меѓутоа не успеа,Собранието е местото каде можат да се отворат темите,за кои треба да се разговара.“

Силните притисоци од меѓународниот фактор вродуваат со плод,и ја принудуваат ДУИ да започне да се откаже од бојкотот на законодавниот дом.Осман Кадриу,експерт за политички систем и уставно право од Тетовскиот државен универзитет за Дојче Веле по вчерашната изјава на Али Ахмети коментира:

„Парламентот е политички орган,сите оние дијалози,политички,требаше да се одвиваат тука.Тука се онесуваат сите закони,за кои тие зборуваа надвор од Парламентот,за нив можеше да се зборува тука во Парламентот.“

Според професор Кадриу,бојкотот на ДУИ и наштети на Македонија во очите на меѓународната заедница:

„Без секакво сомнение,Македонија изгуби доста и во очите на меѓународната заедница и на светот во однос на дејствувањето на одделни партии и на самите органи на државата кои не функционираат и по одделни прашања се блокирани.“

Со скорешното комплетирање на опозицијата во македонскиот парламент ќе се создадат услови за целсоно функционирање на оваа законодавна институција,ако некому не му текне да посегне повторно по стариот рецепт,да дејствува политички надвор од институциите.