1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ останува на ставот за консензуален претседател

СН/ат/миа13 февруари 2014

Лидерот на владејачката Демократска унија за интеграција Али Ахмети по денешната средба со известувачот на ЕП за Македонија Ричард Хауит изјави дека неговата партија останува на ставот за консензуален претседател.

https://p.dw.com/p/1B80i
Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

„Ние претставивме една идеја. Идејата е сѐ уште на маса и нема да се помрднеме од нашата идеја и очекуваме страните да рефлектираат по овој предлог. На земјата и треба кандидат што би бил прифатлив за сите и еднаш засекогаш да го затвориме тоа поглавје во кое некоја од страните го доведува во прашање изборот на претседателот“, изјави Ахмети по денешната средба со европратеникот Ричард Хауит.

За да бидам правилно разбран, нагласи Ахмети, би сакал да истакнам дека двете страни кои ја имаат легитимноста кај двете најголеми заедници во земјата, а тоа е ДУИ кај Албанците и ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците, двете страни треба да седнат и да постигнат консензуален договор.

На прашањето дали разговарал со премиерот Никола Груевски за прашањето за името, Ахмети информира дека разговарал со сите страни за ова значајно прашање.