1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ решителни - меѓународниот фактор бара повлекување на бојкотот

Александар Чомовски26 јануари 2007

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере не успеа во својата мисија. ДУИ решителни да го напуштата парламентот . Од друга страна амбасадорите на земјите членки на ЕУ по средбата со премиерот побараапродолжување на дијалогот. Инспекцискиот тим на НАТО денеска ќе разговара со сите пратемнички групи во парламентот.

https://p.dw.com/p/Abzp
Собрание
СобраниеФотографија: aptn

Демократската унија за интеграција излегува од парламентот доведени се во прашање сите владини проекти кои се гласаат со двојно мнзоинство спроед Бадентеровото првило и мнозинството од албасниктие пратеници. Под кои услови и колку ќе трае бојкото на законодавниот дом, партискиот врв на опозициската ДУИ ќе го официјализира во сабота. Мисијата на ЕУ амбасадорот не успаеа. Фуере беше разочаран, а Ахмети налутен, бесен, по нивниот синоќешен дијалог. Бојкотот не е решение рече ЕУ амбасадорот

„Ако водството на ДУИ ја потврди оваа одлука, многу ќе зажали. Затоа што ќе ја врати земјата многу назад, а земјата треба да се движи напред “ кажа Фуере

Европскиот амбасадор во Македонија не го предомисли Али Ахмети. Лидерот на интегративците иницијативата за средба со Никола Груевски му ја препушти на премиерот, но остро ја нападна владата. - Нека кажат кои квалитетни закони или проекти се донесени во парламентот откако ДУИ е во него во изминативе шест месеци посочи Ахмети „Граѓаните, Албанците доаѓаат кај мене и бараат јас да не бидам дел од уништувањето на иднината на земјава, да не бидам дел од загрозувањето на евро – атланските перспективи на Македонија“ рече Ахмети. Тој уште посочи дека ја има подршката од албанскиот електрорат за најавениот бојкот на парламентот.

Амбасадорите на Европската унија вчера имаа средба со македонскиот премиер, а се очекува и средба со Џон Колстон шеф на инспекцискиот тим на НАТО

„Се согласивме дека е добро за сите партии да учествуваат во парламентот. Ги охрабривме владата и ДУИ да го продоолжат дијалогот“ рече амбасадор на Велика Британија во Македонија Диксон. По средбата на ЕУ дипломатите со премиерот Никола Груевски и мини владиниот кабинет, шефот на дипломатијата изјави

„ Ќе вложуваме уште поголеми напори после пораката од Рига и ние сме задоволни што опозицијата учествува со свои претставници во НАТО комитетот кој е предводен од страна на премиерот и мислам дека навистина се многу конструктивни.“ нагласи министерот за надворешни работи Антонио Милошовски по средбата со раководителот на НАТО тимот кој во Скопје врши увид и инспекција врз македонските политички и одбрамбени реформи. Сакаме да видиме здрава влада и одговорна опозиција порача Џон Колстон пред денешната средба со сите пратенички групи.