1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ се врати во Парламентот

30 мај 2007
https://p.dw.com/p/AntZ

Пратениците од ДУИ денеска се вратија во Парламентот во Скопје. Четиримесечниот бојкот на законодавниот дом заврши по вчера постигнатиот договор меѓу премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Мнозинството пратеници во собранието не го прифатија барањето на опозицијата да се расправа за политичкиот договор меѓу двете партии. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека била постигната усна согласност за листата закони кои треба да се гласаат со Бадентеровиот принцип, измени на комитетот на етничките заедници и механизмите за негова работа. Според претставници на ДУИ договорот содржел пет точки, меѓу нив прашањето за јазикот, социјалните права на семејствата на жртвите на ОНА од 2001 и механизми за нов начин на избор на владата во иднина.