1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа во берлинско пакување

Петер Штицле24 март 2007

Берлин денеска и утре е местото каде шефовите на држави и влади на ЕУ ќе се договорат за тоа каде ќе чекори заедницата во иднина. Повод за собирот во Берлин е 50 годишнината од потпишувањето на т.н. Римски договори, со кои е ставен темел на денешната ЕУ. Во фокусот на овој европски вонреден самит е берлинската декларација, што треба да ја потпишат европските челници, а чија цел е да ги поттикне реформите во униј

https://p.dw.com/p/AbyI
Фотографија: picture-alliance/ dpa

ата.

Текстот на берлинската декларација, според првичната идеја, требаше да биде текст кој ќе биде читлив за граѓаните. Но, во обидите да се преведат на разбирлив начин некои компликувани изрази стана видливо дека различните земји членки имаат различни претстави што под тие поими се подразбира. Зад тоа се кријат нивните различни идеи за тоа како ЕУ треба да изгледа во иднина. Германската влада со Берлинската изјава сакаше пред се да ги обврзе владите на нов поттик за заживување на процесот на донесување европски устав, откако неговата првична верзија не помина на референдумите по тој повод одржани во Франција и Холандија. По бескрајни разговори со земјите кои по прашањето на европскиот устав се мали оптимисти, германската влада го изостави зборот устав од текстот на декларацијата и сега во текстот се говори за тоа дека државите имаат единствена цел да ја постават ЕУ на нова основа до изборите за Европскиот парламент до 2009 година. Но, на чешката влада дури и споменувањето на годината 2009-та и беше премногу и тоа и го кажа јавно. Сепак, портпаролот на германската влада, Улрих Вилхелм, кој инаку е исклучително резервиран кога станува збор за изјави околу ”Берлинската декларација”, на ден пред почетокот на јубилејниот самит, вчера соопшти: ”Денеска изутрина германската канцеларка водеше два телефонски разговори – едниот со чешкиот премиер, Тополанек и вториот со претседателот на државата, Клаус, и притоа уште еднаш беа разменети мислења за Берлинската декларација. Канцеларката е уверена дека во сабота и недела ќе имаме успешен самит.”

Декларацијата има само 70-тина редови и по многу напори за усогласување на нејзиниот текст, во него има дури и малку поезија. Така, во текстот се зборува за среќа да се биде обединет во Европа, а делот за заедничките врендости почнува со зборовите ”Ние, граѓаните на ЕУ”. И покрај тоа што декларацијата веќе им е доставена на новинските агенции, повеќето граѓани на ЕУ дури утре конечно ќе откријат што 27-те шефови на држави и влади, претседателот на Европската комисија и претседателот на Европскиот парламент потпишуваат во нивно име. Зашто, германската верзија на декларацијата за помалку од 48 часа треба да се преведе на 22 јазици.