1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа го прославува 50 годишниот јубилеј

25 март 2007

Европските лидери денеска во Берлин одбележуваат 50 години од потпишувањето на тн Римски договори, кои беа основа за формирање на ЕУ.

https://p.dw.com/p/AbyH
Фотографија: PA/dpa

Церемонијата на прославата започна уште вчеравечер во Берлинската филхармонија каде германската канцеларка Ангела Меркел во својство на домаќин формално ги поздрави лидерите на Унијата. Германскиот претседател Хорст Келер се заложи за реформи во насока на приближување кон граѓаните на ЕУ. Германија ќе го зголеми притисокот врз противниците на реформите во ЕУ. Меркел ја нагласи потребата од реформи со цел Унијата да биде способна да се справува со идните предизвици.

“ Јас сум голем оптимист дека денеска на прославата на успешната историска приказна 50 години од Римските договори истовремено можеме да направиме поглед кон иднината. Одиме натаму со Европа“

Изјави канцеларката Ангела Меркел која заедно со претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо и претседателот на ЕП Ханс Герт Петеринг денеска ќе го потпишат текстот на Берлинската декларација. Документот во кој не се спомнува терминот европски устав треба да ги утврди насоките за натамошниот пат на Унијата