1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа го прославува 50 годишниот јубилеј

25 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKt

Европските лидери денеска во Берлин го одбележуваат 50 годишниот јубилеј од потпишувањето на тн Римски договори, кои беа основа за формирање на ЕУ. Церемонијата на прославата започна уште вчеравечер во Берлинската филхармонија каде германската канцеларка Ангела Меркел во својство на домаќин формално ги поздрави лидерите на Унијата. Германскиот претседател Хорст Келер се заложи за реформи во насока на приближување кон граѓаните на ЕУ. Германија ќе го зголеми притисокот врз противниците на реформите во ЕУ. Меркел ја нагласи потребата од реформи со цел Унијата да биде способна да се справува со идните предизвици. Сојзуната канцеларка заедно со претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо и претседателот на ЕП Ханс Герт Петеринг денеска ќе го потпишат текстот на Берлинската декларација. Документот во кој не се спомнува терминот европски устав треба да ги утврди насоките за натамошниот пат на Унијата.