1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа е наша заедничка иднина!

Силвера Падори25 март 2007

„Берлинската декларација„ која претпладнево во германската престолнина е потпишана како врв на одбележувањето на 50 годишниот роденден на Унијата, акцентот го става на заедничката европска иднина. На политичкото претпладне во Берлин, му претходеше ноќта на културата, а попладнево е во знакот на народната веселба пред Бранденбуршката порта.

https://p.dw.com/p/AbyG
Сини знамиња со златни ѕвездички денеска особено се развеани пред Историскиот музеј каде е потпишана Берлинската декларација
Сини знамиња со златни ѕвездички денеска особено се развеани пред Историскиот музеј каде е потпишана Берлинската декларацијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Шлитерхоф, стакленикот кој го носи името на архитектот што го проектираше објектот кој денес е Историски музеј во Берлин утринава е место кон кое се свртени очите на Европа. Во присуство на највисоките државници на 27 те земји членки на Европската Унија, потпишана е „Берлинската декларација“ како врв на одбележувањето на 5 деценискиот јубилеј од Римските договори, со кои се поставија темелите на денешната Унија. Канцеларката Ангела Меркел и нејзинот сопруг Јоаким Зауер беа домакини на церемнонијата која започна во 9 часот и 30 минути со поединечни фотографирања со гостите. Меркел, ги поздрави присутните државници и говореше за силината, значењето и идентитетот на Европската унија. За историското значење на Римските договори и растежот на Европа куси обраќања имаа италијанскиот премиер Романо Проди , шефот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и претседателот на Европскиот парламент Ханс Герт Петеринг.

Прославата на Јубилејот на Европската Унија започна синоќа со големиот прием што го организираше Ангела Меркел и концеротот во Берлинската Филхармонија. Потоа концерот следеше прием и свечена вечера која во дворецот Белви ја организираше сојузниот германски претседател Хорст Келер. Тој во здравицата истакна дека Европа не е само простор каде слободно се тргува, туку пред се една политичка идеја.

"

Зедничкиот пазар и економијата, монетарната унија не се подразбираат тукутака. Тие зе основа на политичкото заедништво и солидарност во политичките судбински прашања. Но, и основа заедничка соработка како пријатели во слобода - истакна претседателот Келер.

По половина век заедништво “Европа е нашата заедничка иднина” е пораката на Берлинската декларација. До наредните избори во 2009 година европското семејство ќе треба да создаде нови темели. За иднината, новите генерацоо и нејзино натамошно функционирање.

“Оптимнистички гледаме кон иднината. Тоа беше отсекогаш метод кој ја придвижуваше Европа. Сериозно го сфаќаме расположението во секоја од државите. Сериозно ги сфакаме граѓаните на Европа. Затоа и сме убедени сме дека пред идните европски избори мора да им кажеме како понатаму ќе функционира Европа” истакна и канцеларката Ангела Меркел.

Во Берлинската декларација не се споменува зборот Европски Устав, но Гермнанија и натаму настојува до крајот на нејзиното претседателствување да го дефинира временскиот план во кој Уставот на Унијата повоторно ќе биде актуелизиран.

На денешниот празник му преходеше таканаречената “Ноќ на убавини“. Во берлинските музеи се случуваше - културата на 27 те земит на Унијата. Денес пак, по 12 часот вистинската прослава ќе биде пред Бранденбуршаката порта и на патеката за забава на улицата 17 јуни каде ќе има народна веселба. Веќе од вчера се поставени 27 големи шатори со специјалитети, традиционална кујна и пијалоци на земјите членки на Унијата. На бината пак до 20 часот ќе продефилираат музички звезди , а финалето е огнометот закажан за 20 часот.