1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа има се’ помалку разбирање за руско-украинскиот спор

Нина Веркхојзер 17 јануари 2009

Во Москва се оддржува кризен самит за надминување на спорот околу испораката на гасот кон Украина и транспорт кон Европа. Спорот беше тема и на средба на канцеларката Ангела Меркел со рускиот премиер Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/GaMp
ЕУ меѓу Русија и УкраинаФотографија: AP/DW Fotomontage: Albrecht Schrader

Германската канцеларка Ангела Меркел нема разбирање за долгорочниот спор околу гасот меѓу Русија и Украина. Студени домови во многу европски земји-ова мора да се прекине, му порача Меркел на рускиот премиер Путин: „Се разбира дека е важно брзо да дојдеме во ситуација, во која нема да добие гас само една земја, Словачка или земја на Балканот, туку гасот, во целиот волумен да се транспротира кон Западна Европа.“ рече Меркел.

Меѓусебни обвинувања?

И покрај тоа што Русија и Украина на почетокот на неделава постигнаа согласност да ја обноват испорката, низ украинските постројки се’ уште не тече руски гас. За тоа е виновна Украина рече рускиот премиер, која поради наводни технички проблеми не го транспортира гасот: „Сакам да нагласам дека Русија има голем интерес, ситуација да се надмине час поскоро. Рускиот концерн ’Гаспром’ поради прекинот на испораката претрпе огромни загуби, кои во меѓувреме достигнаа 1,2 милијарди долари.“

Украина од своја страна и префрлува на Русија дека не испорачува доволно гас.

Експертите ќе вршат проверка

Putin und Merkel in Berlin
Путин и Меркел во БерлинФотографија: AP

Поради меѓусебните обвинувања дојде до стагнација, затоа во спорот треба да се вклучат експерти - група меѓународни набљудувачи и екпсерти кои ќе провераат дали навистина тече гас низ украинските постројки.

Канцеларката Ангела Меркел се надева на крај на спорот: „Неможам целосно да ги проценам техничките детали, каков е протокот, за тоа се потребни експерти но сметам дека набљудувачите се важни и вистинска одлука. Ако може да се постигне уште согласност околу техничките прашања за протекот на гасот кон Украина и за експорт, тогаш според мене многу брзо може да почне испораката на гасот и повторно да се воспостави доверба.“

Потребна е доверба

Дека довербата меѓу Русија и Украина целосно е руинирана, во тоа не се сомнева ниту Владимир Путин. Тој и префрли на владата во Киев дека краде руски гас и не се придржува до договорите. Рускиот премиер видливо се налути, откако канцеларката Меркел и на двете земји им препиша одговорност за моменталната криза.

Путин на тоа одоговори: „Она што Украина го направи во последните години, не беше ништо друго освен уцена. Украина сакаше ефтин гас и истовремено поволни услови за своите производи на европскиот пазар. Тоа има врска со корупцијата и матните околности во Украина. Оваа ситуација мора да се прекине во интерес на украинскиот народ,“ рече Путин.

Според зборовите на канцеларката Меркел пак, ривалството меѓу Украина и Русија кое сега премиена во отворено непријателство на штета на трета страна би можело да и наштети на довербата на Европската унија кон двете земји.