1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Европа: Кој ги укинува, а кој ги враќа ковид-рестрикциите

18 септември 2021

Некои европски држави одлучија да ги релаксираат мерките против коронавирусот како социјалната дистанца, а други воведуваат нови ограничувања поради растот на новозаразените.

https://p.dw.com/p/40SQw
Kopenhagen | Die dänische Band "The Minds of 99" | Konzert
Концерт во Копенхаген, Данска без социјална дистанца, но само за вакцинираниФотографија: Ritzau Scanpix/Olafur Steinar Gestsson/REUTERS

Додека повеќе земји во западна Европа се одлучуваат на укинување на ограничувањата во јавниот живот предизвикани од пандемијата на коронавирусот, други, на истокот и југот на континентот ги враќаат рестрикциите. Причината најчесто е стапката на вакцинација- онаму каде што е висока- животот се враќа во нормала, онаму каде што е ниска- се враќа карантинот. 

Еве го прегледот на ситуацијата во неколку европски држави: 

Холандија: Вакцинален сертификат и тест наместо социјална дистанца

Социјалната дистанца веќе не е обврска во Холандија. Од вторникот, холандските власти ја укинаа рестрикцијата- но воведоа задолжителен вакцинален сертификат за влез во ресторан или на концерт. За оние кои не се вакцинирани, потребен е доказ за прележан Ковид-19 или негативен тест направен во последните 24 часа. 

Niederlande | Performans Lion Kojo
Холандија: посетители на танц фестивал во БидингхујзенФотографија: Koen Van Weel/ANP/AFP/Getty Images

Данска: Ковид веќе не е „општествено критична“ болест

Со висока стапка на вакцинирани, Данска стана првата земја во ЕУ која се врати на социјален живот без ковид-ограничувања. Од минатиот петок Данците можат да влегуваат секаде со доказ дека се вакцинирани. Данската влада соопшти дека повеќе не го смета Ковид-19 за „општествено критична“ болест. Над 80% од возрасните и тинејџерите имаат добиено две вакцини. 

Шведска: Подготвени за пред-пандемискиот живот

Шведска, земјата која никогаш не ги воведе најострите ограничувања за време на пандемијата, одлучи да ги отстрани сите рестрикции за неколку недели. Над 70% од Швеѓаните над 16 години се целосно вакцинирани. Земјата има релативно ниска стапка на смртност и покрај растечкиот број на новозаразени со позаразниот делта-сој на вирусот.  

Schweden | Coronavirus Pandemie
Шведска: Наскоро целосна слобода и во затворени просторииФотографија: Anders Wiklund/TT NEWS AGENCY/AFP/Getty Images

Германија: Акција за вакцинација

Со целосно вакцинирани околу 62% од населението, Германија сега заостанува зад дел од своите соседи. Затоа владата ја започна кампањата „Акциска недела за вакцинација против ковид“. Во јавните простори се поставуваат мобилни вакцинални центри за да се олесни пристапот на граѓаните до вакцината. 

Berlin | Döner-Kebab-Restaurant | COVID-19-Impfungen
Германија: Прво вакцина, па гратис донер Фотографија: Michele Tantussi/REUTERS

Франција: Протести против обврската за вакцинација

Соочена со голем отпор кон вакцинирањето, Франција на почетокот на август наложи задолжителен вакцинален-пасош за влез во јавни простори- што предизвика бран протести. Минатата сабота, околу 12 илјади луѓе маршираа на улиците на Париз против сертификатот. Некои синдикати и граѓански организации ги поддржаа протестите, загрижени поради нарушувањето на индивидуалните права. 

Paris | Proteste gegen Impfpflicht
Протести против задолжителната вакцинација во ПаризФотографија: Benoit Tessier/REUTERS

Австрија: Заострени рестрикции

Соочени со раст на бројот на новозаразените и на хоспитализациите, австриските власти ги заоструваат рестрикциите кои претходно беа релаксирани. Според новата регулатива која влезе во сила во средата, антигенските тестови ќе важат само 24 часа низ цела Австрија. Некои патни ограничувања, особено за патници од САД, се повторно вратени. 

Bulgarien | Coronavirus Pandemie
Бугарија: Земја со најниска стапка на вакцинирани во ЕУФотографија: Dimitar Dilkoff/AFP/Getty Images

Бугарија: Нови рестрикции по растот на бројките

Во Бугарија, која со 20% целосно вакцинирани е на европското дно, пандемијата е далеку од завршена. Државата сега се соочува со нов, брз раст на бројот на инфекциите поради делта варијантата. Поради тоа властите воведоа полициски час ноќе, повторно ги затворија ноќните клубови, и ги намалија капацитетите на кината, рестораните, па дури и настаните на отворено.