1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Европа ќе успее заедно“

14 декември 2006

Во владина изјава, канцеларката Ангела Меркел утрово пред пратениците на Бундестагот зборуваше за престојното германско претседателство со ЕУ и со групата Г8.

https://p.dw.com/p/Ac0y
Меркел од 1 јануари 2007 на чело на ЕУ и Г8
Меркел од 1 јануари 2007 на чело на ЕУ и Г8Фотографија: AP

Ангела Меркел ја повика големата коалиција но и опозицијата и покраините да го поддржат германското претседателство со ЕУ и групата Г8. Владата сама нема да успее рече Меркел денеска пред пратениците. Претседателствата треба да станат заедничка национална цел, рече канцеларката и потсети на Светсктото фудбалско првенство. Според канцеларката Мерел, Герамнија наредната година има шанса одново да го воодушевува светот.

Во овој контекст, Меркел го гледа и претседателстовот со Унијата „Нашето претседателсво е под мотото „Европа ќе успее заедно“. Јас можам да дополнам Европа ќе успее само заедно. Доживеавме поделена, необединета Европа, дали во надворешно или внатрешно политичките прашања, тоа не ја истакнува јасно силината на Европа. Затоа, важи како за надворешната така и за внатрешната политика на Европската унија, ќе успее само заедно.“ рече Меркел

Како тежиште на германското претседатлство со Унијата во првата половина од 2007 година Меркел ја наведе енергетската политика но и натамошен развој на економската и социјалната политика во Европа, која според Меркел може да биде успешна само ако Европа е обединета „Ова го велам пред се’ во однос на тоа што јас го нарекувам модел на иднината на Европската унија, имено европскиот економски и социјален модел. Сојузната германска влада чувствува обврзаност токму за натамошниот развој на овој европски економсси и социјален модел, имено ако економски не сме силни, ако не можеме да им пондиме перспектива на луѓето тогаш Европа нема да може да биде силна.“

Канцеларката одново ја пофали и спогодбата на министрите за надворешни работи во врска со натамошните чекори во преговорите за пристап со Турција. Ангела Меркел зборуваше и за примот на нови држави во заеницата „Оваа приказна на проширување е успешна приказна“ потенцираше Меркел.

Што се однесува до претседателството со групата на седумте водечки индустриски земји и Русија Г8 во нареднатат година, Германија сака да ја искористи можноста за натамошно обликување на глобализацијата. Пред се’ станува збор за тоа пазарите за капитал во иднина да бидат по транспарентни, да се зголеми заштитата на интелектуалната сопственост, да се напредува во процесот на заштита на климата и да и се создадат нови перспективи за Африка.