1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската комисија е партнер за Македонија

Александар Чомовски 30 октомври 2007

ЕУ и Македонија потпишаа договор за ИПА - фондовите. Извештајот на Европската комисија, кој официјално ќе се објави на 6 ноември ќе треба да ја води Македонија во наредната година.

https://p.dw.com/p/BzCx
Фуере и Коневска Трајковска при потпишувањето на договоритеФотографија: Macedonian Information Agency

Нерасветлените мотиви и сторители на парламентарниот скандал со физички пресметки од 25 септември; отсуството на политички дијалог особено мајскиот договор Груевски – Ахмети; бавни судски реформи; отпуштени и деградирани службеници во евросекторот; нереформиран јавен радио телевизиски сервис МРТВ - ова се дел од актуелните, годишни забелешки што Европската комсија ќе ги сублимира во извештајот за Македонија.

Од Брисел доаѓаат критички тонови

Официјалната верзија евро амбасадорот Ерван Фуере ќе и го достави на Владата на 6 ноември, истовремено кога ќе биде отоворен и во Брисел, сепак критички интонираниот извештај за македонската влада и нејзините реформи веќе е сепоизвесен „Извештајот на ЕК како и секоја година е објективна проценка на прогресот и ги идентификува областите каде што се очекуваат или има потреба од напредок“ рече денеска Ерван Фуере.

Извештајот на Европската комисија може да ја води земјата во наредните 12 месеци во ефективно реализирање на реформите, кажа евро дипломатот.

Европската комисија партнер за македонската Влада

„Владата на Република Македонија во ниеден момент, со ниедна од позициите што ќе бидат изнесени во извештајот, нема да го доживее како негативен. Владата на Република Македонија, Европската Комисија ја смета за свој партнер. Единствено она што ќе биде нотирано и ќе биде позиционирано во извештајот ќе биде наша основа за следни засилени активности во области кои што ќе бидат посочени.“ беше внимателна министерката за евроинтеграции Габриела Конвеска Трајковска во изјавата по потпишувањето на договорите за користење на ИПА – финасиската помош од Унијата.

Надеж во словенечкото претседателство

Властите во Скопје се помирени дека бриселскиот извештај нема да има рок за преговори, но сепак се надеваат дека нема да се затвори шансата преку лобирањето и претседавањето на Словенија од први јануари 2008 година, и дека ќе се успее да се надомести дел од загубеното.

Експерите се ендогласни, македонските политички елити не покажуваат подготвеност на внатрешен план да зрачат едногласно кога е во прашање европската агенда на реформите во Македонија „Во државите кои се надвор од Европа, кои во моментов се аутсајдери, меѓутоа имаат сериозни претензии да станат нејзини составен дел, тие мошне мунициозно набљудуваат дали таквото говорење е прустно со еден глас бидејќи и тоа им упатува сериозна порака, сериозна потврда за степенот односно обемот на остварување на оние фамозни критериуми на кои тие инсистираат.“ вели универзитетскиот професор д – р Татјана Петреушевска од скопскиот правен факултет.