1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската комисија повторно во „битка“ со Мајкрософт

ЖА/миа/дв17 јули 2012

Комисијата на ЕУ денеска (17.07) отвори фомална постапка против Мајкрософт. Службата за поттикнување конкуренција го обвинува концернот дека на корисниците на Виндоус не им се покажуваат алтернативни веб-браузери.

https://p.dw.com/p/15Z1m
Фотографија: DW Fotomontage

Европската комисијата денеска соопшти дека започнала истрага за можно непочитување на обврските од страна на „Мајкрософт“, во врска со веб-прелистувачот на оваа компанија за кој се има обврзано кон Комисијата во 2009 година.

Со цел да се избегне врзувањето на пребарувачот „Интернет експлорер-Мајкрософт интернет“, во декември 2009. година Комисијата правно го обврза „Мајкрософт“ да им овозможи на корисниците на „Виндоус“ во Европската унија полесно да го изберат својот пребарувач. Со оваа одлука „Мајкрософт“ се обврзува да обезбеди повеќе избори на европските корисници на „Виндоус“ до 2014. година.

Според еврокомесарот Хоакин Алмунија, сето ова се покажа како многу ефективно кога било имплементирано, со оглед на тоа што им овозможило на корисниците вистински избор за користење на производот што најмногу одговара на нивните потреби.

Но, иако „Мајкрософт“ во декември минатата година доставил извештај до Комисијата дека иконата за избор е се‘ уште присутна, Еврокомисијата утврдила дека „Мајкрософт“ не ги почитувал своите обврски во периодот од февруари 2011. година до денес.

„Мајкрософт“ ги призна овие факти. Лансирањето на „Виндоус 7 сервис пак 1” во февруари 2011. година, покажа дека „иконата за избор“ повеќе не се прикажува. И покрај ова, „Мајкрософт“ во декември минатата година не‘ извести дека изборот е се‘ уште присутен“, посочи комесарот Алмунија.

Поради тоа, Еврокомисијата сега започнува формална постапка против компанијата. Ако по нивното истражување биде потврдено ова прекршување, тоа може да има тешки последици за „Мајкрософт“. Ако прекршокот се потврди, ќе има санкции, потврди Алмунија.