1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската круна за Милан

24 мај 2007

Милан по седми пат се искачи на врвот на фудбалска Европа. Синоќа во финалето во лигата на шампионите во Атина, миланезите го совладаа Ливерпул со 2:1 со што на најдобар можен начин му се реваншираа за поразот од пред две години во финалниот пенал рукет во Истанбул.

https://p.dw.com/p/Anz5
Рикардо Кака
Рикардо КакаФотографија: AP

Јунак на мечот беше ветеранот Филипо Инзаги кој ги постигна двата гола за Милан, во 45 и 82 минута. Единствениот гол за Ливерпул го постигна Дирк Кајт на една минута пред крајот на натпреварот.

Тренерот на Милан Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим со вчерашниот триумф го вратил кредибилитетот на италијанскиот фудбал. "Ова е нашата најголемата победа, направивме нешто извонредно кое малкумина, или можеби никој не го очекуваше, изјави Анчелоти. По Отмар Хицфилд, и Винсенте дел Боске, Анчелоти е третиот тренер кој по втор пат освојува титула во елитното натпреварување.

Тренерот на Ливерпул, Рафа Бенитез изјави дека синоќешниот натпревар покажал дека е потребна голема инвестиција за освежување на играчкиот кадар на тимот.