1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот десничарски популизам почна да слабее

Фолкер Вагенер
22 април 2017

Германскиот политиколог Хајо Функе прогнозира дека Емануел Макрон ќе биде главен противник на Марин Ле Пен во првиот круг од претседателските избори во Франција.

https://p.dw.com/p/2ZQD4
Frankreich Wahlstimmung bei den maghrebinischen Migranten in Marseille
Фотографија: DW/M. Slimi

Дали политичкиот популизам почна да се стишува во Европа поради тоа што последиците станаа повеќе забележителни по Брегзит и победата на американскиот претседател Доналд Трамп?

Хајо Функе: Дефинитивно. Не е изненадување што Вилдерс и Фрауке Петри од АфД беа среќни поради кампањата и победата на Трамп. Тие очекуваа покана од негова страна. Како и да е, од средината на претходната година, Трамп немаше позитивен ефект врз Германија - не веднаш по неговиот избор, не по инагурацијата и не од тогаш. Јасно може да се забележи дека кога десните популисти добиваат власт, тие се деструктивни внатре во земјата и непредвидливи надвор и на овој начин предизвикуваат штета. Мислам дека од оваа причина десничарскиот популизам засега започна да опаѓа. 

Neonazis greifen noch öfter zur Waffe
Хајо ФункеФотографија: Nic Frank

Какви се лекциите за германската канцеларка Ангела Меркел и за нејзиниот изборен противник, Мартин Шулц од изборите во Холандија?

Сѐ на сѐ, тие мора јасно да покажат дека се противат на популистите. Руте рече дека нема шанси да коалицира со Вилдерс и тоа беше одлучно. Втората поента е дека социјалдемократите беа казнети, како и целата голема коалиција, поради строгите мерки за штедење и верувам дека Шулц не е единствениот кој го сфаќа тоа. Покажувањето на чувство за социјалната еднаквост, социјална сензитивност, особено во однос на германскиот систем на бенефиции и социјални услуги, овозможува кредибилност.

Франција гласа за нов претседател. Вилдерс загуби, а рејтингот на АфД е во слободен пад. Дали Националниот фронт на Марин Ле Пен исто така слабее?

Тоа се случува веќе некое време. Сега, независниот кандидат, Емануел Макрон е некој кој е многу повеќе флексибилен и не проповеда строги мерки за штедење како конзервативецот Франсоа Фијон, туку вели дека земјата мора да биде модернизирана на социјално прифатлив начин. Тој е ѕвезда која дури ја надмина Ле Пен во првичните анкети и претставува главен противник на Ле Пен во првиот круг.

Ханс-Јоаким „Хајо“ Функе е германски политички истражувач и пензиониран професор. Во периодот од 1993 и 2010 година предаваше политички науки на Слободнот универзитет во Берлин. Тој се смета за еден од водечките истражувачи во полето на десничарскиот екстремизам и антисемитизмот во Германија.