1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот Парламент му даде зелено светло на новиот состав на Европската Комисија

18 ноември 2004

Европарламентарците со големо мнозинство , го подржаа изборот на Жозе Мануел Баросо и неговите 24 комесари , на тој начин ставајќи и крај на тринеделната криза која настана откако Европарламентот им се спротистави на неколку персонални решенија на новиот претседател на Европската Комисија.

https://p.dw.com/p/AcJd
Фотографија: AP

"Дами и господа , јас сум екстремно среќен за овој резултат. Европскиот парламент . штотуку даде силна подршка за Комисијата. 66 проценти од парламентарците ја подржаа Комисијата , што значи две третини. Ова е одличен исход, и јас сум многу среќен и почестен што доживеав силна подршка . Верувам дека Европската Комисија , излегува од овој процес посилна. Европската Унија истотака излегува посилна , исто како и нашата демократија . Европската демократија порасна и доби на зрелост"-истакна видно воодушевениот Жозе мануел Баросо, по гласањето во Европскиот парламент во Стразбур. 449 за , 149 против и 82 воздржани вака изгледаше распоредот на парламентарни гласови кои му овозможија на Баросо од наредниот понеделник најпосле да седне во фотељата на која Романо Проди неочекувано седеше три недели повеќе. Имено , на претходното гласање на 29 октомври , неколку дена пред официјално планираниот почеток на работата на новиот состав на Еврокомисијата , европските парламентарци се изјаснија против планираниот кабинет на Баросо.

Најголема пречка за добивањето на нивната согласност беше италијанскиот кандидат за местото комесар за правда и внатрешна политика Роко Бутиљоне . Имено овој контроверзен политичар , односно неговиот тврд став кон хомосексуалците и правата на жената беше неприфатлив за поголемиот дел од членовите на Европскиот Парлемент. Во сликата за кометентна и ефикасна европска Комисија не се вклопуваше ниту , Летонката Ингрида Удре, докажан евроскептик која беше кандидат за едно од комесарските места. Спорен беше и Унгарецот Ласло Ковач кој првобитно требаше да го добие ресорот за енергија ,но откако парламентарците се посомневаа дека нема доволно познавања од таа област , Баросо мораше да му даде нов ресори то оној за даночна политика. Бутиљоне и Удре меѓутоа мораа да си заминат . Нивните места ги заземаа сега веќе актуелниот министер за надворешни работи на Италија Франко Фратини и поранешниот летонски министер за финансии Андрис Пибалгс . Ковач, Фратини и Пибалгс во изминативе три денови реферираа и одговараа на прашањата на европарламентарците. Тестото беше успешен. Тоа го чувствуваше и Хозе мануел баросо кој денеска пред гласањето имаше обраќање во Европарламентото

"Имате пред вас една компетентна и ефикасна Комисија , и можам да ви гарантирам ,дека таа со целата своја енергија ќе работи на остварувањето на нашите цели. Сметам на вашата подршка . Благодарам".

Баросо пред европарламентарците зборуваше за заедничките цели , посочувајќи дека пред се станува збор за повеќе развој , повеќе вработувања , како и консолидација на Европскиот модел кој ги обединува реформите и екомоската динамика со солидарноста и социјалната кохезија.

Што се однесува пак до гласањето новиот состав на Европската Комисија ја доби подршката од мнозинската конзервативна фракција во Европскиот парламент, потоа Либералите и социјалистите , додека против гласаа европските Зелени , Комунистите и евроскептичните десничари.

Европските аналитичари во меѓувреме веќе со своите ставови ги подржаа зборовите на Баросо, дека со завршувањето на кризата која го одложи стапувањето на функција на новиот состав на Европската Комисија , како Европарламентот така и Комисијата излегуваат од неа посилни отколку досега , Баросо сега има подобар тим подржан од широко мнозинство во парламентот –истакнуваат тие.