1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските фирми се жалат на дискриминација во Кина

5 октомври 2011

Кинескиот пазар станува се‘ поважен за европските фирми, но бизнисот го отежнуваат дискриминацијата и бирократските пречки. Европската трговска комора во Пекинг критикува.

https://p.dw.com/p/12dLj
Фотографија: picture-alliance / dpa

Европската трговска комора во Кина се жали дека во одделни бранши странските претпријатија и натаму добиваат пристап до кинескиот пазар само преку Џоинт венчрс. Таков е примерот со автомобилската бранша. Токму за германските автопроизводители тоа е пречка.

Шефот на трговската комора, Дејвид Кучино, стравува дека токму во оваа сфера изолацијата може да стане уште поголема: „Во случаите на новите електро-автомобили ограничувањата на висината на уделот најверојатно нема да се однесуваат само на производителот на автомобилот, туку и на производството на компонентите.“

Autoproduktion in China
Во автомобилската бранша само преку Џоинт венчрсФотографија: AP

Голем број ограничувања и натаму има во финансиската сфера, во делот на информатичката технологија и во градежништвото. Таму состојбата е дури апсурдна:

„Градежните фирми можат да добијат лиценца само тогаш кога ќе приложат референци за проекти кои ги реализирале во Кина. Тоа, меѓутоа, е невозможно зашто за да се прават градежни проекти во Кина, прво ви е потребна лиценца.“

Особено разочарувачки за Европејците, зашто при претставувањето на новиот петгодишен план за развој на Кина, се надеваа дека ќе можат да понудат повеќе ноу-хау и вистински продукти за реконструкција на кинеското стопанство во насока на повеќе висока технологија, заштита на животната средина и одржлив развој. Сега мора да заклучат дека новиот каталог со насоки за развој содржи нови рестрикции за странските инвестиции:

OBI in Schanghai China
Голем број ограничувања и натаму има во финансиската сфера, во делот на информатичката технологија и во градежништвотоФотографија: OBI

„Во овој каталог има нови ограничувања за Џоинт венчрс, има проблеми со иновациите и инвестициите во високата технологија. Се добива впечаток дека фирмите треба да бидат принудени на трансфер на технологијата. Нема што да се има против трансфер на технологија, но тој трансфер треба да дојде сам по себе, доброволно.“

И кај темата јавни конкурси е направено многу малку во последната година, се жали трговската комора. Странските фирми се речиси исклучени од овој пазар, кој чини една петтина од кинеското стопанство. Европејците бараат рамноправност со кинеските фирми, зашто европскиот пазар е отворен за кинеските фирми.

 

Автор: Рут Кирхнер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска