1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евроскептичниот Корбин конечно има план

Роберт Маџ
16 август 2019

Предолго, лабуристичкиот лидер Џереми Корбин беше обвинуван дека е само нем набљудувач на Брегзит. Сега, тврди дека има план. Но, дали тој може да ја извлече Велика Британија од кризата?

https://p.dw.com/p/3O0sC
Großbritannien Labour-Parteichef Corbyn Besuch in Calderdale
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Lawson

Долго време беше потребно, но сега, со опасноста Британија да замине од ЕУ без договор, Џереми Корбин подготви план. Конечно.
Тој планира гласање недоверба на премиерот Борис Џонсон час поскоро. Доколу Џонсон загуби, Корбин ќе ја преземе функцијата накусо за да се одложи Брегзит и да се подготват предвремени избори.
Откако долго се колебаше, Корбин сега најавува дека ќе предложи одржување на втор Брегзит референдум кој ќе ја вклучува и опцијата за останување.
Дури и оние незаинтересираните за Брегзит тешко ќе сфатат зошто му беше потребно толку долго на Корбин да ја искористи шансата која му беше понудена на тацна поради хаосот со Брегзит.
Но, не е толку едноставно. Треба најпрво да се разбере позадината на однесувањето на Корбин, односно неговиот бекграунд и напредок во Лабуристичката партија.
По „златните години“ на Тони Блер, Лабуристите во наредниот период, предводени од Гордон Браун и Ед Милибанд паднаа на најниски гранки во историјата. Во 2015 година целосно ја загубија власта. Истата година, Корбин беше избран за партиски лидер, благодарение на младите активисти кои плаќаа по 3 фунти регистрација, за да гласаат на партиските избори како не-членови.
Во пресрет на ЕУ референдумот во 2016, партискиот естаблишмент се обиде да го смени Корбин поради неговиот неодреден став кон Брегзит. Повторно, успеа да ги мобилизира младите гласачи и дојде до нова внатрепартиска победа. Во 2017, го постигна најголемиот успех кога Лабуристите добија 40 отсто од гласовите на изборите.
Но, тука всушност завршува неговата бајка. Додека некои му честитаат на принципиелноста, многумина ја критикуваат тврдоглавоста на Корбин кога е во прашање односот кон Европа, и сметаат дека поради него Лабуристите не можат да се наметнат како вистинска алтернатива на Конзервативците.

Евроскептикот Корбин

Накусо, Корбин отсекогаш бил евроскептик, како што покажува и неговото досие:
Корбин гласаше за излегување на Британија од Европската економска заедница во 1975. Се спротивставуваше на формирањето на ЕУ согласно Договорот од Мастрихт и гласаше против Лисабонскиот договор во повеќе наврати во парламентот.
Дента по референдумот во 2016, Корбин беше побрз и од поранешната премиерка Тереза Меј во барањето да се започне со имплементација на Членот 50- периодот од две години за заминување од ЕУ.
Во декември 2016 во парламентот гласаше за напуштање на ЕУ и за тоа процесот да не започне подоцна од 31 март 2017. Во февруари 2017 го поддржа предлогот на Меј за почеток на процесот на напуштање на ЕУ. Во летото 2017, Корбин беше против тоа Британија да остане во заедничкиот пазар, бркајќи ги дури од партијата оние пратеници на Лабуристите кои гласаа „за“.

Одложување на Брегзит?

Дури и сега, со новата кампања да го урне од власт Џонсон и да спречи Брегзит без договор, контроверзната позиција на Корбин кон Европа може да биде негов хендикеп. Освен фактот што неколкуте бунтовни конзервативци и другите партиски лидери тешко ќе го поддржат Корбин за в.д. премиер, и самата Лабуристичка партија е поделена во одност на Брегзит и нема гаранција дека таква ќе победи на изборите. Напротив, изборите само ќе ги доведат на површина судирите во самата партија.
Притоа, и покрај намерата на Корбин да организира втор референдум, тој никогаш не криел дека е, всушност, „легзитер“- левичар кој сака Британија да ја напушти ЕУ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема