1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврото со рекордна вредност

28 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9g

Европското заедничо платежно средство по разочарувачките конјуктурни податоци од САД достигна ново рекордно ниво во однос на доларот.Едно евро чини повеќе од еден долар и 36 до 80 центи,што е највисока вредност досега.И во однос на јапонскиот јен еврото чини повеќе од било кога.Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо ова го смета за знак на силата на европската економија.Германскиот министер за економија Михаел Глос е со слично мислење:

"Најпрво се покажува дека пазарите имаат многу голема доверба во Европа,затоа расте нашата валута.За потрошувачите пак тоа значи дека ќе дојде до олабавување на цените на енергијата,зашто нафтата и гасот се плаќаат во долари,така што ќе можат да се купуваат поповолно", укажува Глос.