1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

020811 Ägypten Militärrat Opposition

2 август 2011

Провизорниот армиски совет, кој привремено управува со земјата по падот на Хосни Мубарак, се` почесто ја угнетува опозицијата со истите методи како и режимот на поранешниот претседател.

https://p.dw.com/p/129RX
Фотографија: AP

На 11. февруари на улиците на Каиро се славеше падот на режимот на претседателот Хосни Мубарак. Само шест месеци подоцна еуфоријата спласна. По Мубарак, власта привремено ја презеде војската. Но, таа се` почесто почнува да ги употребува истите мерки како и поранешниот властодржец, кога станува збор за опозицијата. На пример, на 23. јули дозволи група вандали брутално да го разбијат мирниот протест во една до каирските населби. Билансот - триста повредени. Мохамед Камал беше на местото на настанот и вели дека му станало јасно оти режимот на Мубарак се` уште постои. „Како армијата да беше поврзана со тепачите. Гангстерите не` тепаа, додека војската немо гледаше“, вели Камал.

Истата приказна

Дополнителен шок за опозицијата беше Соопштението број 69, што војската го издаде на 23. јули. Во неа генералите го обвинуваат протестното движење „Шести април“ за саботирање на демократските реформи во земјата. Активистите на тоа движење не се било кои - тие се токму оние, кои ја организираа револуцијата.

Генералот Ал-Ровеини беше уште поконцизен во својот настап на телевизија. Групите за човекови права, како движењето „Шести април“, ги опиша како агенти на Западот, кои биле платени да го втурнат Египет во хаос. Непријателски агенти, хаос - тоа на Египќаните им звучи познато. Режимот на Мубарак често се служеше со пропаганда од тој вид.

Revolution in Ägypten Flash-Galerie
Пријател на народот или верен слуга на Мубарак?Фотографија: dapd

Независната политичарка Ботијана Камел, која се кандидира за претседател на Египет, дури добила и анонимни закани. Сето тоа покажува дека режимот на Мубарак се` уште егзистира и дека сега на власт се контра-револуционерите, вели таа додавајќи: „Воениот совет треба да ни ја каже вистината. Изјавите на генералот Ал-Ровеини не се прифатливи.“

Египет мора да расчисти со минатото

Војската ја симна маската и го покажа своето вистинско лице. Така барем сметаат голем број опозиционери. Реномираниот политиколог Хасан Нафа не стравува од тоа дека армијата ќе пројави желба да ја задржи власта, но се плаши дека системот што сака да го етаблира војската, нема да биде оној, на кој сите се надеваа.

Главно барање на опозицијата останува судската разврска на прекршоците сторени од режимот на Мубарак. Според приврзаниците на демократското движење, процесите против високи функционери од поранешната власт бавно се одвиваат. Меѓу нив е и судењето на одговорните за смртта на бројни демонстранти за време на револуцијата. Египет не може да почне од почеток, се` додека тие луѓе не ја добијат својата казна, вели опозицијата.

Автор: Јирген Стријак/Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска