1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет на крстосница

Керстен Книп/ Симе Недевски3 јули 2013

Неколку часа пред истекот на ултиматумот кој египетската армија му го даде на претседателот Мохамед Мурси, се чини оти од смирување на ситуацијата и договор со опозицијата нема ништо.

https://p.dw.com/p/191CB
Фотографија: Reuters

Најмалку 16 луѓе загинаа вчера (2.7.) во Каиро во немирите меѓу симпатизерите и противниците на исламистичкиот претседател Мохамед Мурси, изјавија безбедносните и болничките претставници. Немирите избија ден пред истекот на рокот кој војската му го даде на Мурси и опозицијата да ги надминат разликите.
Мурси меѓутоа минатата ноќ, во телевизиското обраќање (фотографијата горе), рече дека нема намера да се повлече и ја повика војската да го повлече својот ултиматум. Подоцна на својот налог на „Твитер“ наведе дека ги отфрла сите „диктати“, без разлика дали доаѓаат од земјата или од странство.

Ултиматумот на војската

Во хаосот кој изминативе денови владее во Египет се вклучи предходно и американскиот претседател Барак Обама. Тој, како што соопшти Белата куќа, во телефонски разговор со Мохамед Мурси на својот колега му препорачал да им излезе во пресрет на демонстрантите. „Претседателот Обама го охрабри Мурси да направи одредени чекори и да покаже дека може да реагира на барањата на опозицијата“, соопшти Вашингтон. Американскиот председател нагласи дека моменталната криза во Египет може да се реши само по политички пат.
Тоа е можеби и порака до египетските генерали кој на политичките партии во понеделникот (1.7.) им дадоа ултиматум за решавање на политичката криза, а кој истекува денеска (3.7.). Притоа војската јасно се постави на страна на демонстрантите кои бараат смена на Мурси. Во случај да не се реши ситуацијата, војската, како што е порачано, ќе постапи во согласност на својата „национална и историска одговорност“. Агенциите пренесуваат дека војската планира да го суспендира Уставот кој го поддржуваат исламистите, и да го распушти парламентот. На страна на војската, која нагласува дека не станува збот за закана со државен удар , застана и полицијата.
Демонстрантите ноќта меѓу понеделник и вторник го запалија и седиштето на партијата Васат која важи за политичко крило на исламско- конзервативната организација на Муслиманските браќа. Ширум земјата има судири меѓу противниците и симпатизерите на претседателот Мурси. Опозицијата на владеачката партија и на претседателот Мурси им префрлува за потполното отсуство на економски успех како и за галопирачка исламизација на земјата. Опозицијата најави дека ќе продолжи со демонстрации се додека Мурси не замине од функцијата и бидат распишани нови избори.
 

Ägypten Proteste Juni 2013 Pro Mursi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Потребна е политичка стабилност

Египетските коментатори сметаат дека Египет е целосно поделена земја. Во тек на т.н. „Арапска пролет“ во 2011 година на плоштадот Тахрир против владеењето на тогашниот претседател Хосни Мубарак, заедно протестираа претставниците на сите социјални слоеви и верски определувања. Денес, 2 години подоцна, од тоа национално единство не остана ништо. За некаков дијалог меѓу страните во конфликтот веќе не станува збор. Демонстрантите одамна не бараат само реформи, тука исклучиво оставка на Мурси. Гамал Солтан од Американскиот универзитет во Каиро, им префрла на Муслиманските браќа за зголемената исламизација на државниот апарат. „Многу граѓани, особено христијанските Копти, но и шиитите, се чувствуваат како граѓани од втор ред“, вели Солтан во разговорот за ДВ. Многу Египќани, особено оние кои живеат во поголемите градови, го отфрлаат новиот Устав кој, според нивно мислење, го турка исламот во прв план. Уставот граѓаните го прифатија на референдум, но опозицијата, поради слабата излезност на референдумот, Уставот не го смета за легитимен. На удар на критиката се наоѓа и културната политика која е под се' поголемо влијание на конзервативниот ислам.
Проблем е, меѓутоа, и недостатокот на политичка култура. Многумина им префрлаат на демонстрантите дека отфрлиле секаков дијалог со претседателот Мурси. А идеолошките борби се поткрепени и со моменталната економска криза. Реформите договорени со Меѓународниот монетарен фонд запнувааат, а државата се' потешко ги финансира и субвенциите за прехранбени продукти.
Главен проблем сепак останува политичката нестабилност. „Доколку се подобри политичката ситуација и на економијата ќе и' тргне  подобро. На Египет му е потребна политичка стабилност“, вели економистот Ахмед Камали.

 

Kairo Sitz der Muslimbruderschaft in Brand 01.07.2013
Фотографија: Khaled Desouki/AFP/Getty images