1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еден од осомничените за нападот во Бостон мртов, вториот во бегство

Elizabeta Milosevska-Fidanoska19 април 2013

Голема потера, еден осомничен - мртов, еден во бегство: по терористичкиот напад врз Бостонскиот маратон, истрагата се одвива со брзо темпо, а состојбата е и натаму непрегледна.

https://p.dw.com/p/18JGv
Фотографија: Getty Images

Четири дена по терористичкиот напад врз Бостонскиот маратон, еден од двајцата осомничени бомбаши е убиен по драматична потера по него. Потрагата по вториот осомничен денеска (19.04) се одвива во околината на Бостон. Полицијата го предупреди населението да биде исклучително многу претпазливо. „Сметаме дека станува збор за терорист“, изјави полициски службеник. Претходно, во кампусот на американскиот елитен универзитет МИТ, во близина на Бостон, застрелан беше еден припадник на полицијата.

Убиениот осомничен, според полициски наводи, е момче со ранец, кое било снимено на целта на маратонот во понеделникот (15.04). Според информации на телевизијата Си-Ен-Ен, тој им подлегнал на повредите во болница, по драматичната потера по него. Лекарите соопштија дека бил погоден од огромен број куршуми. Полицијата им препорача на граѓаните да не излегуваат од дома и да им отворат исклучиво само на полицајци кои можат да се легитимираат.

USA Schießerei MIT Universität Massachusetts Boston Marathon Watertown
Потерата по вториот осомничен е во текФотографија: Getty Images

До потерата дојде по смртта на полицаец на универзитетот МИТ. Полицискиот службеник таму бил повикан поради попречување на мирот, а потоа бил убиен. Точната позадина на работите засега не е позната.

Во нападот врз маратонот загинаа три лица, а повредени се околу 180. Вчера полицијата првпат објави фотографии на осомничените, на кои се прикажани две момчиња со ранци, во кои, според претпоставкiте, транспортирале експлозив.